Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

КК Клубски се забетонира на втората позиција во лигата

Печати PDF

Thumbnail image

На одиграниот првенствен меч во дерби натпреварот за втората позиција, во рамките на натпреварот одигран во недела 13.03.2011 година, од Првата кошаркарска лига, екипата на КК „Клубски“ ја совлада екипата на „Бадел - Кроација“ од Скопје со резултат од 60-55.

Во крајно интересен и возбудлив меч домашните кошаркарки успеаа да ги совладаат крајно упорните кошаркарки на КК „Бадел“, кои до крајот на натпреварот се обидуваа да ја анулираат предноста на КК „Клубски“ која беше создадена уште во првата четвртина од натпреварот. Публиката во салата која беше исполнета до последното место, беше воодушевена од спортската претстава која се одигруваше на теренот, и беше рамноправен соиграч на кошаркарките на КК „Клубски“ за време на целиот натпревар. Со оваа победа екипата на КК „Клубски“ се забетонира на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот „Вигор“ од Скопје. Со тоа екипата на КК „Клубски“ влегува во игра за Плеј оф-от на првенството, со што цели на високи успеси за оваа полусезона.

Сите спортски надежи на Делчевчани се свртени кон КК „Клубски“ -екипа која срушу многу митови и постави високи стандарди за сегашните и идните генерации.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 47
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020