Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржан работен состанок во рамките на реализацијата на проектот Балканска вело патека во ЕЛС Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во петок 11.03.2011 година во просториите на општина Делчево се одржа работен состанок во рамките на реализацијата на трансграничниот проект Балканска велосипедска патека, во кој општина Делчево е вклучена како партнер организација од страната на Република Македонија.
Thumbnail imageThumbnail image
Станува збор за проект од регионално трансгранично значење со кој како финален производ меѓу другото треба да се мапира трасата на Јужната дел од Патеката на железната завеса која минува во пограничниот регион меѓу Р. Македонија и Р.Бугарија, за кој претходно има објавено информација на нашиот веб портал. На состанокот присуствуваа претставниците од општина Берово, општина Пехчево, Центарот за развој на Источен плански регион од Штип како и претставник од општина Делчево и регионалниот координатор на националната Агенција за промоција и подршка на туризмот на Република Македонија, чие што седиште е во Делчево. На состанокот се дискутираше за можните варијанти на трасата на велосипедската патека која ке поминува на територијата на микрорегионот Пијанец-Малеш низ трите општини Делчево, Берово и Пехчево. Заеднички заклучок од средбата беше дека овој регион има навистина што да понуди во рамките на велосипедскиот туризам, меѓутоа внимателно треба да се темпираат содржините на туристичка понуда, со цел за максимализација на бенефитот за локалните економии од проектот, на местата низ кои ке поминува патеката. Исто така беа конкретизирани одредените активности на регионално ниво, поврзани со проектот кои треба да се спроведат до наредниот состанок кој ке се одржи во Сандански Р.Бугарија.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1444
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7124
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46005
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301531

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020