Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Презентација на активностите и резултатите на проектот Сигнализација и сигналитика

Печати PDF
Thumbnail image

Во петокот, на 18.03.2011 година,  Општина Делчево беше домаќин на финалната презентација на проектот „Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш“. Проектот е резултат на меѓуопштинската соработка помеѓу општините Делчево, Пехчево, Берово во соработка и координација на Центарот за развој на Источен плански регион.

 
Финансиските средства потребни за реализацијата на проетот беа обезбедени од Бирото  за регионален развој, преку Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој за 2009, Програмата за атрактивни плански региони за 2009, со 73,5% и буџетите на трите вклучени општини со 26,5%, од вкупниот буџет на проектот, кој изнесува 1.330.000 денари.
 
Thumbnail image  Thumbnail image 

Присутните претставници од трите општини-учеснички во проектот, претставниците на Центарот за развој на Источен плански регион, Претседателот на Советот на Источниот плански регион, Претставници од Бирото за регионален развој, туристички работници и граѓани, како и Амбасадорот на Украина имаа можност накратко да се запознаат со резултатите од проектот, да ги погледнат поставените сообраќајни знаци во централното градско подрачје во Делчево, како и да присуствуваат на презентацијата подготвена од страна на координаторот на проектот г-ѓа Весна Илиевска-Арсова во Хотел „Македонија“, по што следуваше коктел за присутните.

Thumbnail image Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1452
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7132
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46013
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301539

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020