Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Екипата на КК Клубски -сигурен патник во плеј оф-от на првенството

Печати PDF

Thumbnail image

Со победа на гости екипата на КК Клубски од Делчево кај КК Трокал од Кавадарци се избори за да биде дел од плеј оф натпреварувањата во рамките на Првата кошаркарска лига за жени на Р.Македонија. Женската фаланга од истокот на Македонија ја совлада екипата од Кавадарци со резултат 67-61 во крајно интересен меч кој се одигра пред скромната публика во спортската сала во Кавадарци. Резултатот по четвртини беше следен:

  1. 11-10
  2. 22-10
  3. 12-18
  4. 16-29

Со целосен пресврт во второто полувреме кошаркарките на КК Клубски успеаја да направат целосна резултатска неизвесност и да го изненадат самоуверениот  домаќин, и да го крунисаат натпреварот со предност од 6 поени разлика на крајот. Најзаслужна за победата на Делчевските кошаркарки беше бугарската интернационалка Ангелова Жени со 21 поен, потоа следуваа Стојановска со 13, Сања Костова со 12, Александра Коцевска со 8, Вучковиќ со 6, Тачева со 5 поени и Гавриловска со 2 поени. Како сигурен патник во плеј оф натпреварувањето екипата на КК Клубски ке игра со останатите 3 екипи на врвот на табелата, за освојување на подобар пласман, за оваа полусезона.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1452
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7132
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46013
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301539

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020