Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Разубавување на влезот на градот Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

На почетокот на новата градежна сезона, екипите на ЈПКД „Брегалница“ стартуваа со својата работна програма. Започнаа градежните и партерни работи за разубавување на влезот на градот Делчево на регионалниот пат кон Македонска Каменица. Оваа локација е лоцирана непосредно пред постарата бензинска пумпа и царинскиот терминал, покрај регионалниот пат, место кое до сега претставуваше грдо петно за самиот град, како прв впечаток за секој посетител на Делчево.

Исто така, покрај визуелниот ефект кој ќе се постигне со изградбата на предвидените содржини ќе се овозможи побезбедна пешачка сообраќајна комуникација на граѓаните кои гравитираат кон овој дел од градот (претежно жителите на населбата Басарица).

 

Thumbnail image Thumbnail image

Предвидена е изградба на  пешачка патека т.е. тротоар со хортикултурно уредување на просторот (трева, грмушкасти ниски дрвца) како и соодветно осветлување, по должина покрај регионалниот пат од 170 метри.

Со оваа активност, која претставува вовед во една хиперактивна сезона на активности од различен карактер на ЕЛС Делчево, во рамките на Годишната програма на Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Горан Малешевски се најавува интензивна изградба и ангажман во огромен обем и дијапазон на зафати, кои сериозно ќе го променат изгледот на Делчево во поедини реони.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1450
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7130
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46011
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301537

Присутни online: 47
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020