Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одбележан големиот јубилеј -50 години од основањето на гимназијата СОУ ММ Брицо во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image

На величествен начин со редица свечености беше одбележан патрониот празник кој оваа 2011 година се одбележува по 50-ти пат, од основањето на Средното училиште во учебната 1961-62 година. Гимназијата е форми во далечната 1961-1962 година под името гимназија „Браќа Миладинови“, за да од наредната година го добие името на големиот македонски општествен деец и борец во НОБ Методи Митевски Брицо, кој на своја 38 годишна возраст во 1962 година, несреќно го загубил животот во водите на Охридското Езеро. Училиштето помина пет децении на богат образовно- воспотен период. ,Ова средно училиште уште на почетокот од своето постоење, беше расадник за големи таленти и интелектуалци кои произлегле од неговите училишни клупи, чиј што број со текот на годините се повеќе се зголемуваше.

Thumbnail image Thumbnail image

Во текот на своето 50 - годишно постоење од училиштето произлегле врвни личности кои оставија белег на своето општествено живеење во повеке сфери од своето работење: политичари, доктори на науки, спортисти, културни дејци, образовни работници и педагози итн. Со вистинска градација на квалитет, знаење и висок професионализам СОУ „М.М. Брицо во 2011 година ги задоволува највисоките стандарди на модерното образование и е во тек со сите модерни национални, но и европски вредности во образованието, како заслуга прво на вработените во оваа средношколска институција, локалните власти пред се на Градоначалникот на Општина Делчево и сите останати регионални институции и службеници, за на крај да ја потенцираме огромната улога на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука за огромните напори кои ги вложуваа и понатаму ги вложуваат во образованието од секаков официјален карактер ширум Македонија и во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image

Во последните 3 години се направија коренити промени и инвестиции кои предничат во споредба со претходните години, со цел за осовременување на капацитативните и просторните услови на училиштето, како и подобрување и дигитализација на образовниот процес, преку инсталацијата на компјутерската техника во училиштето. Овој процес на модерни текови и имплементација на нови технологии ке продолжи и понатаму со конкретни активности и инвестиции со што СОУ „М.М. Брицо“ може само да се гордее.

Thumbnail image
Thumbnail image

Прославата на патронатот и 50 - годишниот јубилеј се одвиваше повеќе денови со голем број на културни, спортски, свечености, од концерти на забавна и народна музика, фолклорни приредби, ракометни регионални натпревари, модни ревии, танц и хорски изведби,  и како врв на прославата - целовечерен концерт на КУД „Танец“ -националната фолклорна гордост кое ќе настапи во новоизградената Спортска сала во дворот на училиштето.

Thumbnail image
Thumbnail image

Во петок 15.04.2011 година на свечен прием во помошната спортска сала на училиштето беше присутен и еден од најзаслужните за најголемите направени инвестиции во ова училиште, Министерот за образование и наука на Република Македонија, г-нот Никола Тодоров, кој со нескриено задоволство ги поздрави вработените и другите присутни на свечениот коктел, и посака уште поголеми успеси на училиштето во годините што следуваат.

Thumbnail image Thumbnail image

Од страната на вработените, честа да ги поздрави присутните ја имаше Директорот на учиилиштето г-нот Митко Антовски, кој воедно додели признанија на заслужните институции, приватни претпријатија и личности, кои со својата несебична поддршка од најразновиден карактер го подржуваа образованието во изминатиот период.

Thumbnail image Thumbnail image

Исто така, на присутните им беше поделена и издадената монографија "50 години СОУ „М.М Брицо“-Делчево", која излезе од печат специјално за оваа прилика.

Јубилеј вреден за паметење и празнување, со желби за уште поголеми успеси и себенадминувања во средното образование во Делчево.

Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1441
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7121
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46002
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301528

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020