Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Националната гордост Танец со величествен концерт во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, ЕЛС Делчево, како и СОУ „М.М. Брицо“, во сабота на 16.04.2011 година, со почеток во 20.00 часот се одржа спектакуларен целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“ од Скопје. Спортската сала во дворот на СОУ „М.М. Брицо“ беше претесна да ги собере над 600-те посетители кои со воодушевување и во еден здив го проследија концертот, кој се чинеше прекраток, иако траеше 2 часа.

Thumbnail image Thumbnail image

Со беспрекорната изведба, врвните уметници демонстрираа вистинска експлозија на македонскиот фолклор низ ритмиката, песните, кореографиите и музичките дела кои ги пленија срцата на делчевчани.

Thumbnail image Thumbnail image

При секоја пауза во рамките на програмата публиката се креваше на нозе и со громогласен аплауз ги поздравуваше своите херои на сцената кои со нескриено задоволство со секој свој чекор, со секој свој музички звук, споделуваа дел од себе низ волшебниот мозаик на македонскиот фолклор, на богатството на македонскиот народ.

Thumbnail image Thumbnail image

Овој концерт, кој беше дел од Годишната програма на ансамблот „Танец“ за 2011 година, беше реализиран во рамките на патронатот на СОУ „М.М. Брицо“, како и 50 - годишниот јубилеј на постоење на оваа средношколска институција во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020