Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа традиционалниот планинарски марш "Цветници 2011" во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во Делчево.во организација на Спортско - рекреативниот клуб „Поп“ од Делчево, а во соработка со ПД „Кадиица“ од Пехчево, ПАОК „Бел камен“, „Маратон“ од Струмица, ЦРД „Гофер“ од Скопје, ПД „Орле“ од Кавадарци, ПД „Лисец“ од Штип и „Серта“ од Неготино, во недела, на 17.04.2011 година, се одржа традиционалниот планинарски марш “Цветници 2011”.

Thumbnail image Thumbnail image

Со вкупно 140 учесници овој традиционален планинарски марш пополека прераснува во еден од поголемите и позначајните во овој дел од Република Македонија. Маршот, според однапред пропишаната рута, се одвиваше од Балабанско маало во с.Нов Истевник, преку туристичкиот локалитет Кукуље, на територијата на ова село, до локалитетот „Свети Води“ над с.Тработивиште, преку Долно Поле помеѓу с.Тработивиште и с.Разловци, Партизанскиот мост во близина на с.Разловци, па се до Спомен- домот во центарот на селото Разловци, за на крај да заврши во дворот на црквата „Св.Цар Константин и Царица Елена“.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image

На крајот од маршот учесниците од сите планинарски друштва засадија вкупно 33 садници од чемпрес во и околу дворот на оваа преубава црква. По приготвениот топол оброк кој им беше послужен на учесниците следуваше и неизбежното македонско оро и пеењето на стари македонски патриотски песни, во центарот на револуционерното Разловци. Учесниците на овој настан за крај се поздравија и си посакаа уште помасовно добредојде за наредната 2012 година.

Thumbnail image

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1453
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7133
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46014
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301540

Присутни online: 44
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020