Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Промовиран романот "Во тунелот" од Павлинка Ѓорѓијоска

Печати PDF
Thumbnail image

Во рамките на велигденските празнувања, како дел од Манифестацијата „100 настани за 100 години град“, која што ЕЛС Делчево започна да ја реализира, се одржа промоција на романот „Во тунелот“ од Павлинка Ѓорѓијоска.

Thumbnail image Thumbnail image
Пред полната сала посетители, промоторот на романот, Директорката на ЈЛБ „Илинден“, г-ѓа Лидија Дамјанова, го презентираше сопственото искуство од читањето на романот, како и делови од рецензијата од Зоран Раониќ од Црна Гора  и професорот  Аце Сајкоски од Скопје. Со длабок сензибилитет и импресионистички потресна приказна за личните чувства и сопствена интроспекција, читателот не може, а да не остане нерамнодушен на приказната во романот, поделен на целини, кои, сепак, работат во функција на една глобална селовита нарација, на авторот Павлинка, која не ги штедела сопствениот авторски белег и искуства, во пишувањето на романот-процес кој траел околу шест месеци, иако книгата започнала да се пишува пред нејзината фактичка материјализација, помеѓу кориците на книгата.
Thumbnail image Thumbnail image

За крај на промоцијата авторот на книгата, Павлинка, ја истакна својата огромна благодарност за луѓето кои и помогнале во процесот на реализацијата на ова нејзино дело, како и правните субјекти меѓу кои и Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски кој финансиски го помогна изданието.

Thumbnail imageThumbnail image

За крај на промоцијата присутните граѓани можеа да си купат примерок од романот -потпишан со посвета од авторката, со донирање на дел од средствата од продажбата,  за Детското одделение во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020