Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се гради нов тротоар во с.Тработивиште, најава за изградба на две улици во ова село

Печати PDF
Thumbnail image

Во изминатиот период започнаа подготвителните, а потоа и главните градежни работи за изградба на нов тротоар во село Тработивиште, на потегот од зградата на Поштата до зградата на Подрачното основно училиште „Св.Климент Охридски“ во ова село. Со уредувањето на овој тротоар се создаваат неопходните предуслови за безбедна комуникација на учениците кои учат во ова училиште и кои претходно, поради запоставеноста на овој тротоар, мораа да пешачат по коловозот на регионалниот пат, кој минува низ селото со што директно беа изложени на сообраќаен ризик од возилата.

Thumbnail image Thumbnail image

Покрај тротоарот во с.Тработивиште подложени на интервенција ќе бидат  прекопите и ударните дупки на коловозите на улиците низ целото село и истите ќе бидат санирани, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација на локалното население, но и транзит - патниците кои поминуваат низ ова село.

Thumbnail image

По претходно подготвената техничка документација од страна на ЕЛС Делчево, наскоро ќе започне реконструкција на пешачките улици: ул.„1“ и ул.„2“ во с.Тработивиште. Станува збор за едни од најзначајните улици во селото,  утврдени како приоритет од страна на локалното население, за изградба односно реконструкција. Улица „1“ е уличката која од плоштадот во селото покрај селската џамија овозможува пристап на населението до селските гробишта низ југозападниот дел од селото.

Thumbnail image
 

Thumbnail imageThumbnail image

Оваа улица според техничката документација е со вкупна должина од 150.36 метри должина.

Улица „2“ е улицата која го поврзува градскиот плоштад  со селската црква и е една од најфрекфентните улички која ја користат сите жители на селото и други посетители  како пешачка сообраќајница. Вкупната должина на оваа улица е 494.7 метри. Ширината на коловозот на двете улици е 3.5 метри ( оваа ширина на Улица „2“ на еден дел е 3.0 метри).

Thumbnail imageThumbnail image

Со изградбата на овие две улички во голема мерка се задоволуваат основните инфраструктурни потреби на  населението од селото. Инвеститор на сите  градежни работи е Општина Делчево, како дел од Програмата на Градоначалникот, г-дин Горан Малешевски за оваа 2011 година.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1446
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7126
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46007
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301533

Присутни online: 44
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020