Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Општина Делчево се вклучи во одбележувањето на годината на волонтерство во Е.У.

Печати PDF

2011 година ја означува десетгодишнината на Интернационалната година на волонтерите, позната како Европска година на волонтеризмот.

Општина Делчево со иницијатива покрената од градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски оваа година за прв пат се приклучува кон оваа европска пракса и работно ангажира 10 волонтери. Волонтерите се млади луѓе од Делчево кој се високо образовани и кој се со нај различни струки и  профили.

Најмалку тројца од десет Европјани се волонтери. 80% од нив велат дека активното учество во општеството е значајно во нивниот живот.

2011-та е прогласена за европска година на волонтерството, со најголема мрежа на околу 100 милиони активни волонтери од 43 европски здруженија.

Европската година (2011 година) обезбедува единствена можност за промовирање волонтерски активности низ Европа. Ова сè повеќе и повеќе станува тема бидејќи волонтерската работа има потенцијал за олеснување на економските и социјалните тензии што се јавуваат како резултат на тековната економска криза. Неопходна е размена на добри практики низ земјите-членки, како и истражување и прикажување на она што може да го обезбедат можностите за волонтерска активност.

Размената на добри практики треба да вклучува волонтерски активности коишто бараат ниски и помалку специфични вештини. Корисни би биле и примерите на добра практика за развој на вештини коишто се посебно насочени кон подготовка на потенцијални волонтери. Потребни се практични договори за поголемо признавање на искуството и вештините стекнати за време на волонтерската работа. Во овој поглед, иницијативата за објавување на Европските насоки за потврдување на неформалното и информалното учење е вредна да се спомене. Исто така, таквите иницијативи може да им помогнат на моментално невработените лица или лицата со ниско образовно достигнување да се вклучат на пазарот на труд.

Постојат многу  неинституционални начини на волонтирање во кои волонтерите можат да се  инволвирааат надвор од работните саати и простории, како што е размена на нивните идеи и вештини преку интернет или преку волонтирање за време на работниот однос со поддршка од работодавците. Овие иницијативи мора да се поддржуваат и охрабруваат.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1452
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7132
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46013
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301539

Присутни online: 47
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020