Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Полуфинале на кошаркарскиот плеј оф со победа за КК Клубски

Печати PDF

Thumbnail image

Во недела, на  08.05.2011 година, со почеток во 15.00 часот се одигра полуфиналниот натпревар во рамките на  плеофот на Првата Македонска кошаркарска лига за жени. Екипата на КК „Клубски“ од Делчево, убедливо ја совлада екипата на КК „Бадел“ од Скопје, со резултат 64:46.

Thumbnail image Thumbnail image

Уште на почетокот на натпреварот кошаркарките на КК „Клубски“ резултатски ја покажаа својата доминација во сите сегменти во играта, за во текот на натреварот да дојде до максимална разлика од 23 поени разлика во корист на домаќинот. Со оваа, како и претходната победа екипата на КК „Клубски“ се пласираше на втората позиција од првенството, за во рамки на наредниот натпревар да игра со лидерот на табелата на овогодинешното првенство и освојувач на Купот на Македонија за 2010 год. -екипата на КК „Вигор“ од Скопје, во директна пресметка за шампионската титула.

Thumbnail image Thumbnail image

Во новата спортска сала во дворот на СОУ „М.М. Брицо“ евидентно беше задоволството на присутната публика за оваа значајна победа на женската фаланга од Делчево, која за првпат во историјата на постоењето на спортот во целост во Делчево е во завидна позиција на чекор од освојување на трофејот -најдобри во Македонија.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1440
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7120
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46001
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301527

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020