Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одбележани 135 годишнината од Разловечкото востание како еден од најзначајните настани во Македонската историја во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во недела 15.05.2011 година во с.Разловци, општина Делчево со највисоки општински почести ја одбележа 135 годишнината од кревањето на Разловечкото востание, со учество на значајни личности во политичкиот и општествен живот како во Делчево и регионот така и во државата, чиишто зачетоци на осамостојување и ослободителна и револуционерна борба започнуваат токму со Разловечкото востание во 1876 година.
 

Thumbnail image

Кревањето на востанието било само продолжание на вековниот стремеж на македонскиот народ за ослободување од Отоманска власт, која повеќе од 500 години им тежела на плеќите на македонскиот народ во сите аспекти од животот, како и продолжување на идејата за македонска држава во балкански рамки како логична последица на античка Македонија и државата на цар Самоил од средновековието.
Свечената програма започна со посета на музејската постановка лоцирана во Спомен домот на Разловечкото востание во с.Разловци, при што на ниво на генерални информации присутните гости беа накратко запознаени со настаните поврзани со востанието, преку поставените фотографски и други архивски материјали во Спомен собата на истото.

Thumbnail imageThumbnail image

За првпат во историјата на одбележувањето и чествувањето на Разловечкото востание во спомен собата беше поставена книга на впечатоци, во која секој посетител ке може да ја искаже својата почит кон овој настан од огромно значење за историјата на македонската држава.
 

Thumbnail image Thumbnail image

По посетата на Спомен домот на Разловечкото востание, гостите заедно со локалното население се упатија во дворот на црквата Св.Цар Константин и Царица Елена, каде се одржа свечено откривање на спомен плочата на Поп Стојан - идеологот, иницијаторот и учесник во востаничките акции и активности за време на Востанието.
 

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Спомен плочата ја открија Претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Тони Трајановски и Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски. Пригоден говор и во кратки црти со животот и делото како и значењето на Поп Стојан и неговата улога во Разловечкото востание одржа проф. Д-р Ѓорѓи Малковски-претседател на Организацијата на резервни воени офицери на Република Македонија и генерал во пензија. Исто така пригоден говор пред огромниот број граѓани за оваа пригода во дворот на црквата во врска со ликот и делото на Поп Стојан, какои и значењето на Разловечкото востание пред присутните одржаа Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, како и пратеникот Влатко Ѓорчев во Македонскиот парламент во минатиот состав, кој на присутните со жестина во говорот и длабоко чувство за патриотизам и висока почит кон луѓето кои во ова пијанечко село се осмелиле да се спротивстават на една од најголемите империи кои постоеле во светски рамки, како и жртвите кои тие ги направиле втемелувајки се во самобитноста на денешна независна и слободна Република Македонија.
По откривањето на спомен плочата на Поп Стојан, од страна на Протоереј Атанас Поповски и други месни свештеници беше отслужена света панихида во спомен на убиените свештеници ереј Димитрија Поповски, ереј Петре Поповски, ереј Костадин Ковачки, кои учествувале во востаничките активности а биле убиени подоцна во 1914 година од страна на извесен Бабунски, како и ереј Манасија Поповски кој починал 1950 година и бил погребан во гробот со неговиот татко ереј Петре Поповски. Гробовите кои до сега беа под тремот на црквата  беа необележани и без достоинствена почит и внимание од сите досегашни и локални и државни власта, а со личен ангажман на директорот г-дин Николчо Николовски и екипи на ЈПКД Брегалница по иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, беа изградени и обележани на достојно ниво за револуционерни и световни дејци кои се препуштиле себеси на каузата на македонскот револуционерно движење.
По отслужувањето на панихидата делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот, Делегација на Советот на општина Делчево предводена од Претседателот на оваа локална институција, г-динот Тони Трајановски, пратениците Марија Рашковска, и Миле Пачемски заедно со градоначалникот на општина Берово г-дин Драги Наџински, пратеникот Влатко Ѓорчев, претставници на СДСМ во Делчево, положија свежо цвеке пред новопоставената спомен плоча на Поп Стојан, при што длабоко се поклонија искажувајки ја својата неизмерна почит кон ликот и делот на Поп Стојан кој засекогаш ке остане како фреска изгравиран на ѕидот на Црквата во центарот на селото Разловци-епицентарот од кој тргна земјотресот наречен Внатрешно македонско револуционерно движење, кој од темел ја разниша Отоманската империја, врз чиишто рушевини години подоцна се роди новата македонска држава во 1945 година, и слободна и независна Република Македонија во 1991 година.

Thumbnail image Thumbnail image

Видна беше возбудата и еуфоријата кај присутната публика, под наездата на констатациите дека историските факти поврзани со Разловечкото востание се дело на плејада на херои и прогресивни сили во ликовите на Поп Стојан, Димитар Поп Георгиев -Беровски, Доне Цонев и други, се луѓе кои живееле и собитисувале со народот токму од селото Разловци кои по сопствено убедување одлучиле да го кренат знамето на востанието за себеси и сите други, да живеат во слобода и во сопствена држава, според сопствените потреби и идеи.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image

Потоа програмата продолжи во дворот на подрачното основно општинско училиште Св. Климент Охридски, каде пред потомците на хероите од Разловечкото востание и останатите гости се изврши свечено постројување на припадниците на Организацијата на резервни воени старешини, под раководство и присмотра на проф. Д-р Ѓорѓи Малковски, кои на овој начин им оддадоа достојна почит на сите учесници на Внатрешната македонска револуционерна борба во историјата за време и по Разловечкото востание во 1876 година, а потоа беа доделени благодарници на Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски како и припадниците на организацијата на резервните воени офицери кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година во одбрана на државата, а се по потекло од општина Делчево. На присутните по повот одбележувањето на овој значаен јубилеј им се обрати Претседателот на Советот на општина Пехчево г-дин Тони Трајановски кој во својот говор ја истакна улогата на с.Разловци и целиот регион на Пијанец, како и придобивките но и должностите кои сме ги наследиле како генерации од страна на нашите претци.
Славното минато не обврзува во огроман мерка во сите сегменти на нашето секојдневие, особено пред донесувањето на важни и реформски одлуки, кои се носат денес а се рефлектираат со својот интензитет и квалитет во иднина.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image
Потоа публиката имаше можност да погледне богата културно забавна програма подготвена од страна на ЗФГ Копачка с. Драмче, НУЦК Никола Јонков Вапцаров и КУД Гоце Делчев од Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

За крај на одбележувањето на 135 годишнината во дворот на црквата Св.Цар Константин и Царица Елена на сите присутни им беше послужен свечен ручек, за спомен и благосостојба на душите на загинатите револуционери-учесници во Разловечкото востание.
Овој голем јубилеј на одбележување на 135 годишнината од Разловечкото востание беше во организација на Комисијата за одбележување на култунрни настани и личности која беше формирана во општина Делчево во рамките на одбележувањето на јубилејот "100 настани за 100 години град" и јубилеите "100 години Белогаски" и "110 години Личеноски". кои општина Делчево тековно ги одбележува.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1448
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7128
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46009
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301535

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020