Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Наградно патување за Венеција на најдобрите средношколци од СОУ ММ Брицо од Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во петок 20.05.2011 година претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Тони Трајановски, пред граѓаните на општина Делчево на пригодна свеченост, ги додели наградите за најдобри ученици во 4-та година од СОУ ММ Брицо за 2011 год.

Thumbnail image

Средното општинско училиште навистина е еден од расадниците на интелектуална елита во источниот дел од нашата држава, со огромни успеси на учениците кои поминале 4 години во клупите на ова училиште во Делчево, во различни области од општественото живеење како во општината и во државата, така и на меѓународен план. Изборот на 10-те мина најуспешни за оваа година беше навистина тежок, со оглед на беспрекорните одлични резултати на многумина ученици во 4-та година, па за таа цел одлучуваа нијанси во оцените и поведението од сите четири години, поминати во гимназијата.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Овие награди беа доделени откако Претходно по иницијатива на советничката  група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Делчево беше донесена одлука за доделување на истите  за најуспешните ученици кои оваа 2011 година завршуваат 4-та година и прославуваат матура во гимназијата во Делчево. На огромно воодушевување на илјадниците  граѓани кои беа присутни пред споменикот на паднатите борци од НОВ во петокот, на доделувањето на пофалниците и наградите на наградените ученици, беа доделени 10-те награди за тридневно патување на овие ученици во Венеција-Италија, како награда за се она што го имаат постигнато во текот на 4-те години поминати во образовниот процес во гимназијата во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Со овие награди се стимулираат учениците во иднина да постигнуваат уште поголеми резултати во образованието, како и подигање на квалитетот на образованието во целост, сегмент кој има особено значење во програмите и програмските определби на Локалната самоуправа на Делчево и Градоначалникот г-дин Горан Малешевски како и на Владата на Република Македонија, предводена од Премиерот г-дин Никола Груевски.
За наградените ученици од СОУ ММ Брицо Градоначалникот на општина Делчево и Претседателот на Советот на општина Делчево, во понеделник 23.05.2011 година организираат свечен прием во просториите на ЕЛС Делчево со почеток во 12.00 часот
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020