Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна изградбата на пристапна улица во населбата Стар Расадник во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

По претходна иницијатива на Урбаната заедница на населбата Стар Расадник во Делчево, а во соработка со Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, во рамките на програмата за распределба на средствата од Буџетот на општина Делчево за 2011 година, започна изградбата на пристапна улица во оваа населба. Механизирана екипа од ЈПКД Брегалница во соработка со жителите од оваа населба започнаа на реализацијата на земјаните градежни работи , за нивелирање на улицата, и тампонирање на истата.

Thumbnail image Thumbnail image

Со изградбата на оваа и останатите улици кои во изминатите месеци беа изградени на до тогаш зафрлените делови од градот Делчево, сега овие делови од градот пополека прераснуваат во пристојно место за живеење за граѓаните кои гравитираат на овие улици, а до пред изградбата мораа да живеат во најнеподносливи елементарни услови за живот, особено што овие улици беа калливи, исполнети со ѓубре, со прашина и песок.  На овој начин се поправа голема неправда кон овие граѓани кои иако ги имаат подмирено сите давачки кон општината и државата во форма на комуналии и слично, сепак немаа основни услови за живот, а нивните пари од овие давачки во минатото завршуваа  на, за нив несоодветен начин. По принципот на рамномерна распределба на средствата од Буџетот на општина Делчево, како и процесот на активно учество на граѓаните во донесувањето на годишните програми на Градоначалникот на општина Делчево, преку урбаните и месните заедници, со формирање на приоритетни листи на проекти за буквално секоја од овие заедници, за 2011 година ке бидат реализирани голем број на градежни, инфраструктурни и комунални објекти на територијата на цела општина Делчево , согласно предвидената програмска динамика.

Thumbnail image

За населбата Стар Расадник по изградбата на улицата кај текето во повисокиот дел од населбата, претходно изградената чешма и детско игралиште, како и улицата пред чешмата и оваа пристапна улица која започна сега да се гради, започнато е пробивање на Улица 3 во оваа населба, најавена е изградба уште на две улици -МХ ЈАсмин и Кузман Јосифовски Питу, како и три потпорни ѕидови, канализација на улица Видое Смилевски Бато во должина од околу 130 метри, изградба на Мултинаменско спортско игралиште во донација на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија  кои се неопходни за нормално функционирање на инфраструктурата во оваа населба. Со реализацијата на овие градежни работи  оваа населба ке прерасне во урбана во вистинска смисла на зборот, на задоволство на граѓаните кои живеат во истата, со што сите потреби на оваа урбана заедница ке бидат задоволени во целост.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020