Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Претставници од општина Делчево учествуваа на Лидер фест 2011

Печати PDF

Thumbnail image

Од 16 до 18 мај 2011 во Штрамберк, Република Чешка делегација од Општина Делчево имаше можност да присуствува на „ЛИДЕР фест 2011“ - фестивал кој е реномиран и кој ги промовира локалните акциони групи, општините, министерствата за животна средина и земјоделие и сите останати субјекти кои даваат придонес во руралниот развој.

На настанот учество зедоа 14 земји членки на ЕУ, организации кои се водечки во руралниот развој во ЕУ како што се ENDR и ELARD.

Целта на состанокот е размена на искуства и фокусирање на добри практики, воспоставување на соработка и заеднички настап на проекти кои ќе придонесат за развој на руралните средини.

Покрај конференцискиот дел и делот на презентирање на добрите практики „Лидер фест“ на учесниците им понуди и богата програма на социјални настани и штандовски дел каде локалните организации се претставија со рачни ракотворби и сопствени производи.

Thumbnail image

Целиот настан беше медиумски покриен од Чешката национална телевизија за која Градоначалникот на  Делчево, Г-дин Горан Малешевски даде специјално интервју.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1448
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7128
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46009
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301535

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020