Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Решавање на инфраструктурни проблеми во с.Ѕвегор

Печати PDF
Thumbnail image
Со поставување на цевасти бетонски пропусти на повеќе места во с.Ѕвегор, започна решавањето на сообраќајните инфраструктурни проблеми со мкои се соочуваат поголем број на  семејства во различни делови од селото. Имено со дотекување на атмосферските води низ ендекот кој поминува низ сред село, низ годините наназад е уништена улицата која минува покрај  истиот и е главна сообраќајна артерија на селото, покрај меѓународнот пат кон Р.Бугарија.
Thumbnail image Thumbnail image
За таа цел екипи на ЈПКД Брегалница започнаа поширока акција на изведување на градежни работи за санација на оваа состојба, која повеке години наназад, претставуваше горлив проблем за жителите, кои гравитираат кон овој дел од селото. Во рамки на градежните работи се поставени бетонски цевасти пропусти во водотекот на ендекот на 3 локации во селото како и на селскиот пат кој води кон селските гробишта. На овој начин пристапите кон  засегнатите маала во селото и куќите, се приспособуваат за сообраќајна комуникација без притоа луѓето, добитокот и превозните сретства да мораат да бидат условени од надојденоста на атмосферските води и калливоста на патот по кој што минуваат.
Thumbnail image Thumbnail image
Овие градежни активности се вклучени во рамките на годишната програма на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, за воспоставување на елементарна комунална и сообраќајна инфраструктура која директно го засега нивото на стандард на локалните граѓани на територијата на цела општина Делчево.
Thumbnail image Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1444
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7124
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46005
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301531

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020