Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на мост и поставување на бетонски пропусти во с.Габрово

Печати PDF

Thumbnail image

Кон крајот на минатата недела започнаа градежните работи за изградба на мал мост на реката Габровчица што поминува низ селото Габрово, непосредно до главната улица која минува низ центарот на селото. По изградбата на армирано бетонскиот мост ке следува и реконструкција на старата селска чешма која се наоѓа на 10-тина метри од мостот, како и партерно уредување на просторот околу. Со изградбата на овој мост се олеснува сообраќајната комуникација на голем број на жители на ова Делчевско село кое е едно од поголемите во општината, како и поврзувањето на имотите на луѓето кои мораат поп овој пат да ја преминуваат реката, во нивната секојдневна пракса.

Thumbnail image Thumbnail image

Исто така недалеку од оваа локација поставени се бетонски цевасти пропусти со кои се регулира дел од текот на река Габровчица, при што со насипување на тампон слој преку кој  ке може граѓаните полесно да ја преминуваат реката.

Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, во рамки на годишната програма за реализација на сретствата од Буџетот на општина Делчево.

Со изградбата на овие два градежни зафати во голема мера се олеснуваат инфраструктурните  проблеми на жителите од селото Габрово, по чијашто реализација се најавени за изградба,  нови градежни објекти кои ке следат понатаму, се со цел да им се овозможи на жителите од ова село поудобен и квалитетен живот.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1762
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7442
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46323
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301849

Присутни online: 27
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020