Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Г-ДИН ГОРАН МАЛЕШЕВСКИ ВО ДЕЛЧЕВО СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕЛЕСНИТЕ ИНВАЛИДИ ОД Р. МАКЕДОНИЈА

Печати PDF

Thumbnail image

Во саботата на 28.05.2011 во Делчево се одржа работилница на телесните инвалиди на Македонија. Откако присутните ги поздрави градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски и им посака добредојде и пријатен престој во Делчево работилницата продолжи со планираните теми на кои се реализираше работилницата: Можност за вработување на лицата со телесен инвалидитет во јавната администрација како и искористување на финансиски средства преку ИПА инструментот од програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија. на работилницата свои излагања на зададените темии имаа Д-р Стеван Алексоски, декан на правниот факултет во Штип, проф Д-р.Војо Беловски професор по трудово право ни јавна администрација на правниот факултет во Штип, претседателите на Мобилност Кочани и Мобилност Битола . На под темата за меѓугранична соработка свои излагања и презентации имаа советниците од ЛЕР од општина Делчево и општина Кочани како и заменикот на градоначалникот на општина Рила од Р.Бугарија.

Thumbnail image Thumbnail image

На работилницата покрај големиот број на учесници од  нашата држава,  учество зедоа и гости од четири општини од Р.Бугарија кои преку презентирање на своите позитивни практики од оваа програма, јавно го искажаа својот интерес за заеднички настап на следните повици од ИПА прекугранична Македонија-Бугарија.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Од работилницата произлегоа заклучоци кој ке бидат упатени до соодветните министерства на Р.Македонија но и до делегацијата на европската комисија во Р.Македонија  а кои произлегоа како потреба и приоритет на лицата со телесен инвалидитет.

Работилницата во Делчево беше одржана по иницијатива и во организација на Здружението на телесни инвалиди Мобилност од Кочани под покровителство на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски.

Thumbnail image Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1759
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7439
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46320
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301846

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 19, 2020