Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Потпишан договорот за имплементација на проектот "Рационално искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина"

Печати PDF

Thumbnail image

На 19.05.2011 година во рамки на трансграничната програма на претпристапната помош на IPA фондовите, општина Делчево претставувана од Градоначалникот г-дин Горан Малешевски го потпиша Договорот за имплемантација на проектот "Рационално искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина".

Thumbnail image Thumbnail image

Со потпишувањето на договорот фактички започнува реализацијата на проектните активности за постигнување на генералните цели:

  • Заштита на биодиверзитетот на планините Голак и Влаина,
  • Подобрен квалитет на живот во селата во трансграничниот регион

како и специфичната цел:

  • зголемени капацитети за одржливо користење на тревните растенија во трансграничниот регион на планините Голак и Влаина,

Thumbnail image

Вкупната сума за оперирање според проектната документација е проценета на 74 663.16 евра од кои 85 % припаѓаат на финансирање од ИПА  фондовите, додека 15 % на Националното јавно учество од РМ.

Потпишувањето на договорот беше во присуство на претставници од Министерството за локална самоуправа на РМ и повеке градоначалници од Македонија и Р.Бугарија, додека потписници на договорот се претставник од Министерството за регионален развој и јавни работи на Р.Бугарија, како и Градоначалникот на општина Делчево.

Имплементацијата на проектот ке трае 12 месеци, а општина Делчево е носечки партнер на истиот.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1443
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7123
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46004
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301530

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020