Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на нова улица во село Град

Печати PDF
Thumbnail image

Со изведување на основните подготвителни и земјани работи во близина на селската продавница, во центарот на селото Град, започна изградбата на нова улица во должина од 100 метри.

Thumbnail image Thumbnail image
Со оваа улица која ги поврзува т.н. „Пејчинско маало со центарот на селото со постојниот асфалтен пат, во голема мера ќе се подобри сообраќајната комуникација на жителите со овој дел од селото, кои до неодамна мораа да го совладуваат големиот наклон на целосно уништениот земјан пат кој беше еродиран под влијание на  надворешните временски услови. Оваа улица е од особено значење за жителите од овој дел од селото, бидејќи е со голема пешачка фреквенција во текот на цел ден, поради поголемата концентрација на население кое живее во ова маало.
Thumbnail image Thumbnail image

Директен иницијатор за изградбата на оваа улица се жителите на ова село преку нивната Месна заедница, кои претходно доставија приоритетна листа на проекти за реализација во оваа година, во рамките на Програмата на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски. Изведувач на градежните работи е ДООЕЛ „Ринџи компани“ од Делчево, по спроведената јавна набавка, а инвеститор е Општина Делчево.

Во ова село, исто така, наскоро ќе започне преуредувањето на просторот околу селската чешма како и реконструкција на истата, во центарот на селото пред селската продавница, локација која е во незавидна состојба. Оваа локација со децении наназад претставува грдо петно во селото, а според проектот за изградба кој е подготвен, ќе прерасне во репрезентативно место за кое жителите на селкото нема да се срамат за да го наречат свој центар.

За потребите на реконструкција на селската чешма ќе се изгради нова каптажа - зафат за вода кој ќе гарантира квалитетна и чиста вода за пиење, со оглед дека голем број на жители ја користат водата од овие чешми за пиење  и во домаќинствата.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 48
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020