Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа завршниот дел од манифестацијата Гоцеви денови

Печати PDF
Thumbnail image

Во сабота, 18.06.2011 година, во Делчево, се одржа завршниот дел од овогодинешната манифестација „Гоцеви Денови 2011“. Чествувањето започна пред споменикот на патронот на Делчево и великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, каде во негова чест и спомен како една од најзначајните личности од македонската историја, делегација на Советот на Меѓународната манифестација „Гоцеви Денови, претставници на Општина Делчево и политички партии од општината, положија свежо цвеќе. Пред споменикот на Гоце Делчев беше прочитан пригоден реферат за неговото значење во македонската историја и воопшто во меѓународни рамки.

Thumbnail image Thumbnail image

Потоа во Спомен - домот „АСНОМ“, во малата конференциска сала, беше промовиран Зборникот "Историското наследство, перспектива или хендикеп", издаден од Советот на манифестацијата, во кој се поместени трудови во вид на реферати од истоимениот меѓународен симпозиум одржан на 18 и 19 јуни 2010 година. Промотор на зборникот  беше проф.д-р Александар Атанасовски од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје.

Thumbnail image Thumbnail image

По завршување на симпозиумот, на летната сцена пред Спомен - домот „АСНОМ“ беше прикажана богата културно-уметничка програма на која настапија Тони Китановски во придружба со свои студенти,  студентите од Музичката академија во Штип во изведба на песни и ора од македонското традиционално фолклорно богатство, Вокалната група „Ѓурѓа“ од Делчево во придружба со Слободан Димитровски, како и Фолклорната група „Копачка“ од с.Драмче.

Thumbnail image

Завршницата на овогодинешните „Гоцеви Денови“  беше во oрганизација на Советот на оваа манифестација, во соработка со Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1451
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7131
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46012
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301538

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020