Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Времена измена на режимот на сообраќај на улица „Маршал Тито“ на мостот во населбата Стар Монопол

Печати PDF

Thumbnail image

Поради оштетувањата oд постојаната експлоатација на мостот на улицата „Маршал Тито“ во населбата „Стар Монопол“ времено ќе се измени режимот на сообраќај на оваа делница. Оштетувањата се лоцирани на горниот и долниот строј на патот при што едната лента за движење на возила времено е затворена.

Со оваа мерка ќе бидат поставени нови сообраќајни знаци, вкупно осум по четири во насока на движење. Возачите ќе треба да се придржуваат кон изменетиот режим на сообраќај, односно да го приспособат превозот на стока и патници со возила кои не ја надминуваат масата пропишана со сообраќајниот знак или 3,5 тона, да ја приспособат брзината на движење кон ограничената брзина од 20 км/ч и да ја користат едната коловозна лента за двонасочно движење т.е. левата во правец од населбата „Стар Монопол“ кон центарот на градот.

Знаците се пристигнати во ЕЛС-Делчево, столбовите за нивно прицврстување се во фаза на изработка и по изготвувањето на соодветната документација ќе се пристапи кон нивно поставување.

Постапката за санација на мостот е во тек и по нејзиното завршување времената сигнализација ќе биде отстранета.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1453
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7133
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46014
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301540

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020