Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна реконструкцијата на тротоарите на улица Мaршал Тито како една од најпрометните улици во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Со раскопување на старите, целосно руинирани и дотраени тротоарски подлоги на улицата „Маршал Тито“ во 2-ри и 3-ти реон во Делчево, започна реализацијата на реконструкција на тротоарите на двете страни на една од најфреквентните сообраќајници во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Улицата „Маршал Тито“ како најпрометна улица во Делчево и главна сообраќајна артерија која минува низ центарот, надоврзувајки се на Булеварот „М.М.“ Брицо, се главни носители на сообраќај во градот. Реконструкцијата на тротоарите на обете страни на оваа улица се реализира за првпат од изградбата на оваа сообраќајница во втората половина на минатиот век, и по подолг период од повеќе децении овој проект се најде за реализација во Програмата на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски, со што граѓаните од овој дел од градот ќе можат нормално да ги остваруваат своите граѓански потреби.

Thumbnail image

Вкупниот износ на чинење на градежните работи од 1 600 000, 00 денари се обезбедени од средства од Буџетот на Општина Делчево, како и од Владата на Република МАкедонија, преку имплементацијата на Декадата на Ромите во РМ. Реконструкцијата на тротоарите следува по претходното поставување на целосно нова водоводна мрежа по должината на оваа улица-проект кој што Општина Делчево го реализираше во минатата 2010 година, исто така во соработка со Владата на РМ.

Значењето на реконструкцијата на оваа улица е огромно за жителите кои живеат непосредно на истата, но и за граѓаните кои од останатите населби мораат секојдневно да поминуваат по неа во обавување на секојдневните работни обврски.


Видео центар на општина Делчево

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1442
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела7122
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец46003
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301529

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.229.118.253
,
Денес: Фев 19, 2020