Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на колекторот на село Габрово во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
По објавената јавна набавка Бр.11-1214 што општина Делчево ја спроведе во изминатиот период, за реализацијата на проектот за изградба на колекторот на село Габрово, деновиве започнаа градежните работи за изведба на овој капитален инфраструктурен зафат.
Thumbnail image Thumbnail image
Станува збор за вградување на 1,66 км на канализациони цевки со дијаметар ф300 и ф400 (105 метри со дијаметар од ф300, 1555 метри со дијаметар од ф400), со вкупен износ на чинење на градежните работи од 1.707.890,00 мкд без пресметан ДДВ. Финансиската конструкција е обезбедена од страна на општина Делчево преку програмата на Бирото за регионален развој во Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во износ од 1.556.720,00 мкд, а остатокот од сретствата се обезбедени од буџетот на општина Делчево.
Thumbnail image Thumbnail image
Трасата на колекторот директно се поврзува на постоечкиот претходно изграден дел на канализациониот систем на селото кој се комплетираше минатата 2010 година и се протега од стационажа км 1+100 (локација непосредно под селската црква) до стационажа  км 2+760 (локација која се наоѓа на влезот од урбаниот дел од Делчево). За целосно докомплетирање на колекторот на село Габрово и негово приклучување на колекторот на река Брегалница преостанува за изградба делница од околу 500 метри, со дебелина на цевките од ф500, до стационажа км 3+251, и истата поминува низ периферијата на населбата Велко Влаховиќ (т.н.Милково брдо), по течението на река Габровчица. Оваа делница е предмет на тековно работење на Одделение за урбанизам, уредување и одржување на градежно земјиште и заштита на животната средина и истата ке биде изградена во најкус можен рок, така што состојбата со фекалиите од ова село кои создаваа поголеми проблеми со загадувањето на околината низводно под селото и на споменатата населба, ке биде минато.
Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, како најповолен понудувач на јавната набавка, со значително пониска цена од второпласираната компанија, која конкурираше на повикот за оваа јавна набавка.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1453
mod_vvisit_counterВчера2447
mod_vvisit_counterОваа недела3900
mod_vvisit_counterПретходна недела16683
mod_vvisit_counterОвој месец49954
mod_vvisit_counterПретходен месец70377
mod_vvisit_counterВкупно3019305

Присутни online: 49
Ваша IP: 18.208.187.169
,
Денес: Окт 22, 2019