Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштение за прибирање на приоритети

Печати PDF

Thumbnail image

Градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски во рамки на процесот на зголемување на партиципацијата на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво, го објавува следното

СООПШТЕНИЕ

Предмет: Барање за доставување на приоритети

Образложение: Општина Делчево е во процес на изготвување на Програма за уредување на градежно земјиште на територијата на општина Делчево и Програма за изградба, реконструкција и одржувањее на општински (локални) патишта и улици за 2012 .

Се повикуваат сите граѓани на општина Делчево, по сопствена можност, да земат активно учество во работата на соодветните месни и урбани заедници во претстојниот период на чија што територија им е местото на живеење. Со свои иницијативи, дискусии и конкретни предлози да допринесат кон работата на општина Делчево, со цел на оптимално користење на сретствата од Буџетот на локалната самоуправа.

Претседателите на месните/ урбаните заедници имаат обврска сите предлози и иницијативи на граѓаните кои ке бидат дискутирани на состаноците, да ги забележат во писмена форма и да ги стават во приоритетна листа врз основа на општопознатите и прифатените демократски принципи на одлучување, пропишани во законската регулатива во РМ и правилникот за работа на месните и урбаните заедници на општина Делчево. Записникот од состаноците да се достави до архивата на општина Делчево не покасно од 30.11.2011 до 15.30 часот.

Барањето, како и образецот на записникот кој треба да биде доставен до архивата на општина Делчево, може да се превземе со кликање на сл. линк тука. 

Ова соопштение ке оди на локалната Д1 телевизија, на Радио Зора, но и ке биде објавено на јавни објекти во сите месни/урбани заедници, во печатена форма, со цел што повеќе граѓани да дадат свој придонес при креирањето на приоритетните проекти кои ке бидат реализирани во наредната 2012 година. На тој начин сите граѓани и локалната самоуправа на општина Делчево да овозможат развој и унапредување на стандардот на живот на општина Делчево и на сите граѓани заедно, зошто само така можеме да постигнеме повеќе.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1718
mod_vvisit_counterВчера2556
mod_vvisit_counterОваа недела9295
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец67481
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3323007

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.233.215.231
,
Денес: Фев 27, 2020