Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Објавен конкурс за доделување на стипендии за средношколци и студенти од Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Врз основа на програмската определба на градоначалникот Горан Малешевски за континуирано зголемена подршка на најдобрите ученици во СОУ ММ Брицо во Делчево како и студентите што студираат на македонските универзитети а кои се од Делчево, со едногласна подршка на сите советници на Советот на општина Делчево, се објавува конкурс за доделување на стипендии, за учебната 2011-2012 година.

  • Конкурсот за доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ М.М.Брицо за учебната 2011/2012 год. со сите текстови содржани во објавата на Општина Делчево може да се преземе тука.
  • Конкурсот за доделување на стипендии на студенти за учебната 2011/2012 год. со сите текстови содржани во објавата на Општина Делчево може да се преземе тука.

Рокот за поднесување на документи е од 15.11.2011 до 30.11.2011 година секој работен ден во Архивата на општина Делчево, во период од 07.30 до 15.30 часот.

Со овој конкурс зголемен е бројот на стипендии од минатогодишните 8 (осум), на 10 (десет) за оваа учебна година со што се континуирано се зголемува подршката и стимулацијата на учениците во СОУ ММ Брицо, како и студентите од Делчево кои студираат на високошколските образовни установи во Република Македонија, од страна на градоначалникот Малешевски како и локалната самоуправа во Делчево.

Овој тренд на зголемување на бројот на стипендии за подршка и стимулирање за постигнување на одлични резултати во образованието, за учениците и студентите од Делчево ке продолжи и во иднина согласно расположивите капацитети на општината. Покрај оваа мерка за подршка на образованието во општина Делчево, Градоначалникот Горан Малешевски спроведува и низа на други мерки кои соодветно се реализираат, во текот на целата година, а кои во огромна мерка придонесуваат во оваа насока за подршка на образованието во општината во целост.

Развојот на овој процес ке продолжи и понатаму во иднина, со примена на нови мерки и стандарди за севкупен бенефит на учесниците во образовните процеси во општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес145
mod_vvisit_counterВчера1148
mod_vvisit_counterОваа недела2726
mod_vvisit_counterПретходна недела7733
mod_vvisit_counterОвој месец25888
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1961894

Присутни online: 9
Ваша IP: 54.224.108.85
,
Денес: Мај 23, 2018