Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржување на јавна трибина за жителите на урбаната заедница на Ново Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во петок 18.11.2011 година со почеток во 16.30 часот урбаната заедница на населбата Ново Делчево во соработка со Полициската станица во Делчево организираат јавна трибина на која ке бидат дискутирани две актуелни теми за процеси кои се одвиваат на национално и локално ниво во РМ. Првата тема е именувана како "Препознај и пријави го семејното насилство", на која од страна на претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Делчево како и инспекторот за превенција  при ПС Делчево ке бидат образложени актуелните информации на ова поле, од делокругот на работа на овие две институции, како и активностите кои се спроведуваат, како на локално така и на национално ниво, и трендовите за справување со овој општествен феномен. Втората тема е насловена како "Практични информации за безвизниот режим на патување во Европската унија" во чии што рамки ке се дискутира за искуството, проблемите и можностите за надминување на причините и последиците, како и санкциите предвидени со закон во корелација со потенцијалните прекршители на одредбите од безвизниот режим на патување во ЕУ.
Трибината ке се одржи во кабинетот за техничко образование во ООУ Ванчо Прќе во Делчево, и на истата се покануваат сите граѓани од Ново Делчево да присуствуваат, со цел за развивање на квалитетна дискусија.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1213
mod_vvisit_counterВчера2121
mod_vvisit_counterОваа недела1213
mod_vvisit_counterПретходна недела16412
mod_vvisit_counterОвој месец47320
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2948596

Присутни online: 46
Ваша IP: 35.175.191.150
,
Денес: Сеп 22, 2019