Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Најава на 28-та седница на Советот на општина Делчево

Печати PDF

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 35 став 1 точка 1 од Деловникот на Советот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 17. 11. 2011 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на Дваесет и осмата  седница на

Советот на Општина Делчево

Ја свикувам 28. седница на Советот на Општина Делчево за ден  23.11. 2011 година (среда).

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Совет во Спомен  -Домот АСНОМ, со почеток во 13.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од 27. седница на Советот на Општина Делчево

1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 3 со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Анка Христова – Раководител на Одделението за финансии, буџет, јавни дејности и ЛЕР.

2. Предлог – Одлука за комунален ред на подрачјето на општина Делчево;

Образлагач: Крум Николовски – Раководител на Одделението за инспекциски надзор.

3. Предлог – Одлука за доделување на студентски   стипендии на студенти кои студираат на универзитети надвор од РМ;

4. Предлог – Одлука за исплата на парична помош;

Образлагач: По точките 3 и 4 – Секретарот на Општина Делчево, Здравко Мирчевски.

5.  Локален акционен план за родова рамноправност и недискриминација на Општина Делчево за 2012 година;

Образлагач: Сузана Петровска- Координатор на Комисија за еднакви можности.

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Број 07- 2359/1/1

Делчево,17.11.2011 год.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседател

 Николче Трајановски

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес753
mod_vvisit_counterВчера2892
mod_vvisit_counterОваа недела14571
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец53452
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3308978

Присутни online: 26
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 22, 2020