Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Волонтер на Мировниот корпус на Владата на САД ке волонтира во општина Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Со давањето на свечената заклетва на 36 волонтери од Соединетите Американски Држави пред амбасадорот на САД во Република Македонија, г-динот Пол Волерс, заврши нивната единаесетнеделна обука во 4 центри на територијата на нашата Држава.
Во присуство на Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, кој што имаше и поздравен говор пред присутните, свечено беа инаугурирани новите волонтери кои ке волонтираат во институции и организации во повеќе општини во државата.
Thumbnail image
По претходно спроведената процедура за аплицирање од страна на општина Делчево на објавениот оглас од страна на Мировниот корпус во Македонија, и добивањето на позитивниот евалуационен резултат од страна на оваа американска владина организација, во општина Делчево исто така е определен волонтер кој ке волонтира во рамки на општинската администрација на општината.
Thumbnail image Thumbnail image
Мировниот корпус во Македонија е присутен 15 години, додека своите три основни цели волонтерите од оваа организација, ги спроведуваат 50 години од основањето на истата, ширум светот. Мировниот корпус е основан во 1961 година од страна на тогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди. 
Во рамки на Мировниот корпус во Македонија активно работат две програми:
-Јазичната програма која е предвидена за изучување на англискиот јазик од страна на бенефициентите на оваа програма т.е. групи на граѓани на РМ,
-Развој на заедниците, преку која во најразлични форми се овозможува подршка на развојот на заедницата на одредена територија во РМ.
Покрај основните цели и програмските определби на соодветната програма, волонтерите од Мировниот корпус може да се вклучуваат и во секундарни проектни активности кои соодветствуваат со начелата на работа на оваа американска владина организација.
Манифестацијата на давањето на свечената заклетва секоја година традиционално се совпаѓа со одбележувањето на Денот на благодарноста.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1242
mod_vvisit_counterВчера2121
mod_vvisit_counterОваа недела1242
mod_vvisit_counterПретходна недела16412
mod_vvisit_counterОвој месец47349
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2948625

Присутни online: 29
Ваша IP: 35.175.191.150
,
Денес: Сеп 22, 2019