Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Обнова на местата за седење во Делчево

Печати PDF

IMG 0069_resize

На повеќе локации во градот Делчево како и во руралните средини, општина Делчево во соработка со ЈПКД Брегалница од Делчево започна поширока акција за обнова на постоечките места за седење како и изградба на нови, претежно во пешачките зони, каде има поголема фреквенција на движење на граѓани.

 Проектот започна да се имплементира најпрво во дворното место на Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо, чиј што двор неодамна доби целосно нов изглед, преку изградбата на пешачките патеки и фонтаната пред зградата на училиштето. Активностите поврзани со овој проект, предвидуваат поставување на 50-тина нови клупи за седење, кои во изминатиот период беа предмет на јавна набавка од општина Делчево, со сретства од општинскиот буџет. Овие клупи покрај поставените во дворот на гимназијата, ке бидат поставени на повеќе локации во Делчево, вклучувајки го и градскиот парк, како и во повеќе села во општината.

Слика 1

Слика 2

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес764
mod_vvisit_counterВчера2892
mod_vvisit_counterОваа недела14582
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец53463
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3308989

Присутни online: 24
Ваша IP: 3.233.221.149
,
Денес: Фев 22, 2020