Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Делчево водич

Делчево водич

Печати PDF
Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524 m), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10 km. На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини.
Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. Поголемиот дел од населените места  на општина Делчево, се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина.
Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри.Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km.
На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помешу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од  југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанец е поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија.
На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија.
Климата е умерено - континентална. 
Делчево денесОпштина Делчево на југ се граничи со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северозапад со општината Македонска Каменица, а на исток и североисток со Република Бугарија. Општината претставува важна алка на источномакедонската магистрала, која ги поврзува сите поголеми населби во овој дел на земјата, а понатаму и со делови од територијата на соседна Бугарија. Практично, Делчево лежи на еден многу важен крстопат преку кој во напореднички правец води најкусата врска меѓу долината на реката Вардар од една, и долината на реката Струма од друга страна.
Административно гледано, градот Делчево е седиште на општината Делчево која има уште 22 населенo местo.
Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од  589  km²  или 2,3 %  од територијата  на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес  зафаќа територија од  423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево,  во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.

Последни актуелни информации

Објавено на 24 Септември 2018, 15.00 од Д.Чапевски
nikola-dimitrov    Младите делчевци денеска на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров имаа можност да слушнат за перспективите на Македонија со евроатлатските интеграции и местото на...
Објавено на 21 Септември 2018, 14.07 од Д.Чапевски
2018-09-21-13-23-50  На тринаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните...
Објавено на 21 Септември 2018, 08.17 од Д.Чапевски
2018-09-21-07-19-17 Денеска во Делчево на едно место и под отворено небо ќе се пече ракија, ќе се вари мармалад и слатко, но и ќе се вкусуваат слатките производи обогатени со пијанечкиот бренд- сината слива. На годинешнава...
Објавено на 20 Септември 2018, 12.28 од Д.Чапевски
2018-09-20-11-29-42 Донација вредна 2 илјади евра од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ денеска пристигна во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево.  Донацијата ја донесе лично претседателот на Фондацијата, д-р...
Објавено на 19 Септември 2018, 14.38 од Д.Чапевски
2018-09-19-13-41-00 Претставници од Општинскиот инспекторат, јавните институции и НВО -сектор денеска во Делчево дебатираа на тема „План за комуникација и кампања против диво депонирање отпад“. Дебата беше во организација...
Објавено на 19 Септември 2018, 10.45 од Д.Чапевски
2018-09-19-09-49-16 На страницата за електронски систем на јавни набавки на Бирото  за јавни набавки, Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тентерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево....
Објавено на 19 Септември 2018, 09.04 од Д.Чапевски
2018-09-19-08-08-39  Пристапната патека на улица „Пијанечка“ во населбата Ново Делчево се поплочува со бехатон плочки. Со оваа интервенција , конечно, на жителите од оваа улица ќе им се обезбеди современ и полесен...
Објавено на 17 Септември 2018, 14.37 од Д.Чапевски
2018-09-17-13-41-15 Министерот за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска беше во посета на детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Во рамките на посетата, министерката Царовска се запозна со условите за...
Објавено на 17 Септември 2018, 07.07 од Д.Чапевски
--------------15-  По повод Светскиот ден на чистењето, 15 Септември, Општина Делчево се вклучи во светската еколошка акција за чистење на расфрланиот отпад. Во неа се вклучија вработени од Општина Делчево, јавните...
Објавено на 14 Септември 2018, 13.05 од Д.Чапевски
2018-09-14-12-08-20 Во пресрет на Рефендумот во земјава, денеска во организација на Општина Делчево граѓанскиот сектор дебатираше за актуелните  прашања кои се од посебно значење за напредокот на Република Македонија,...
Објавено на 14 Септември 2018, 09.18 од Д.Чапевски
2018-09-14-08-20-17 По повод Светскиот ден на чистењето, 15 Септември, Општина Делчево се вклучува во светската еколошка акција за чистење на расфрланиот отпад. Акцијата ќе се организира в сабота на самиот ден, кога и се...
Објавено на 13 Септември 2018, 11.52 од Д.Чапевски
2018-09-13-10-54-45 Денеска во Делчево пред граѓани, претставници од јавните институции и граѓанскиот сектор, беше одржана презентација на проектот „Биовил“ кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.35 од Д.Чапевски
-2018 Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2018“. Манифестацијата ќе се одржи на 21.09.2018 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.22 од Д.Чапевски
-----21- Традиционалната манифестација со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 21 септември, петок, а официјалното отворање на манифестацијата во која е предвидена и богата...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.12 од Д.Чапевски
2018-09-12-11-13-57 Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Општина Делчево организира  дискусија за...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.02 од Д.Чапевски
2018-09-12-11-04-00 Општина Делчево е дел од проектот Биовил кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на регионални концепти за биоенергија, како и да воспостави биоенергетски села во Македонија, Романија,...
Објавено на 12 Септември 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-09-12-10-56-14 ЈЗУ  Центар за јавно здравје од Кочани известува дека по земените примероци за анализа и добиените резултати, водата од фонтаните кај Стопанска банка и пред кафулето „Валиум“НЕ ОДГОВАРА според...
Објавено на 11 Септември 2018, 12.44 од Д.Чапевски
2018-09-11-11-46-01 Договорот  за изградба на првиот пешачки мост во Делчево беше потпишан денеска во Општина Делчево од  градоначалникот Горан Трајковски и директорката на Центарот за развој на Источно-плански...
Објавено на 11 Септември 2018, 09.20 од Д.Чапевски
-2--------- Во Општина Делчево преку фондовите на ЕУ досега се инвестирани околу 2 милиони евра, средства наменети за развојни проекти. Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот Горан Трајковски...
Објавено на 10 Септември 2018, 13.04 од В.Мицевски
2018-09-10-12-21-37 Поради лошата состојба на дел од улиците во градот и оштетувањата на коловозот, Општина Делчево од денеска продолжува со санација на коловозите и крпење на ударните дупки . Санацијата на ударните...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес153
mod_vvisit_counterВчера1774
mod_vvisit_counterОваа недела4159
mod_vvisit_counterПретходна недела12193
mod_vvisit_counterОвој месец46649
mod_vvisit_counterПретходен месец51262
mod_vvisit_counterВкупно2163032

Присутни online: 24
Ваша IP: 54.158.199.217
,
Денес: Сеп 26, 2018