Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Развој на општина Делчево низ историјата

Печати PDF

Делчево, според едно предание во Византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба се споменува под името Царево Село во една повелба на цар Душан од 1347-1350 година. Со неа тој му подарил на манастирот во Лесново повеке места и ниви од Пијанец. Во турско време Делчево се викало како Султанија.

До 17-ти век населбата лежела на десната страна на Брегалница на денешниот топоним Селиште, поточно под ридот на Острец близу до патот што води за Бугарија. Од првите векови на турското владеење за положбата на Делчево нема мнмогу податоци. Во средината на 17-ти век во неговата околија престојувал султанот Мехмед IV. При неговата посета е извршено масовно потурчување. Се претпоставува дека хаселбата веројатно, во времето на овој султан е преместена на денешното место, на левата страна на Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија изградена во 17-ти век. Евлија Челебија за Делчево вели: “ од Виница се подкачивме на Кочанската планинска рудина, движејки се низ клисурата и по четири часа стасавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со 100 куќи и една гевѓирана со минаре чудесна џамија ”. Како најстар дел од градот се смета турската колонија што се создала околу џамијата. Се до 19-ти век Делчево било село, турска колонија, населено со извесен број на чистокрвни турци и голем дел на потурчено население, наречено помаци, кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку фамилии биле македонски.

Кон средината на 19-ти век започнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува бројот на македонско население. Во 1863 година во Делчево имало 75, а во 1873 година 109 македонски куќи. Во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонското население кое бегало од турските зулуми во околните села.

Thumbnail image

Поголемо иселување на македонското население настанало, поради турскиот притисок, во ослободена Бугарија во 1878 година. Во тоа време имало и поголемо населување на турско население од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина. Придојденото турско население, наречено “Маџири”, се населило во Маџирско маало, денешен III-ти реон на градот. На левата страна на Брегалница, на тесниот рамен простор каде што биле мегданот и ановите, започнала градбата на трговски и занаетчиски дуќани. Со тоа конелно се формирала чаршијата и Делчево конечно прераснало во градска населба.

Во 1914 година гројот на населението изнесувал 1.701 жител. Во 1931 година бројот на населението се зголемил на 3.746 жители. По оваа година еден дел од турското население доброволно се иселиле во Турција. Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна од Брегалница.

Во 1950 година Царево Село е преименувано во Делчево. Во шеесетите години градчето се проширило на десната страна на Брегалница, а во седумдесетите и на ридот Милково Брдо.

Според пописот од 1981 година во Делчево имало 2.099 домаќинства со вкупно 8.065 жители. Се проценува дека во 1985 година Делчево има околу 9.000 жители.

Share/Save/Bookmark

Последни актуелни информации

Објавено на 19 Април 2018, 14.23 од Д.Чапевски
2018-04-19-13-25-27 НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-08-27-42 Врз основа на член 50став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа(Службен Весник на Република Македонијабр.5/2002) и член 19-а од Законот за јавни претпријатија(Службен Весник на Република Македонија...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-07-41-43 Невладиниот сектор во Делчево во партнерство на институции од надлежност на социјалната заштита и Општина Делчево, ќе го изработуваат првиот Акциски план за социјална заштита за Општина Делчево. На...
Објавено на 18 Април 2018, 14.06 од Д.Чапевски
2018-04-18-13-09-45 Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“ имаат чест да Ве поканат на изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“ од историчарот Рубинчо Белчески од НУ Завод и заштита на спомениците и Музеј Прилеп, а по повод...
Објавено на 17 Април 2018, 14.53 од Д.Чапевски
2018-04-17-13-55-00 Во делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во учебната 2018/2019 година можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки. Ова е предвидено врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни...
Објавено на 16 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-16-13-24-44 Делчево викендов беше домаќин на Третото коло на Првата и Младинската бокс лига.Овој несекојдневен спортски настан во Делчево предизвика голем интерес кај публиката, а настанот беше на иницијатива на...
Објавено на 16 Април 2018, 12.36 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-39-26 Детски играчки и школски прибор за детската градинка „Весели цветови“ денеска донираше ЈЛБ „Илинден“. Средствата за оваа донација се обезбедени од Велигденската изложба, а како што истакна директорката...
Објавено на 16 Април 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-34-43 Делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ со низа свечености го одбележа својот патронен празник. Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници  од...
Објавено на 13 Април 2018, 10.49 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-51-15 Општина Делчево ги информира граѓаните дека е зголемена опасноста од појава на шумски пожари и во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и согласно со Законот за заштита и спасување и Законот...
Објавено на 13 Април 2018, 10.25 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-26-28 Женската ракометна екипа од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево е новиот училишен државен првак во женски ракомет. Во финалето,делчевки славеа над екипата на ООУ „Владимир Полежиноски“ од Кичево со 23:21 со што...
Објавено на 13 Април 2018, 08.16 од Д.Чапевски
2018-04-13-07-18-55 Напомена: Видеото е превземено од порталот https://delcevo365.mk
Објавено на 12 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-12-13-22-59 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска присуствуваше на работната средба на градоначалници од пограничните региони на Македонија и Бугарија која се одржа во Куманово и на која се...
Објавено на 12 Април 2018, 12.32 од Д.Чапевски
2018-04-12-11-41-54 Со победа на женската ракометна екипа од ООУ„Владо Полежиноски" од Кичево  над ракометарките од ООУ „Маршал Тито" од Муртино , стартуваше државното првенство во ракомет што денеска се одржува во...
Објавено на 11 Април 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-04-11-10-46-46 Делчевското основно училиште „Ванчо Прке“ ќе биде домаќин на Државното првенство во ракомет за девојки кое ќе се одржи на на 12.04.2018, четврток со почеток во 11 часот во спортската сала на СОУ„ Методи...
Објавено на 11 Април 2018, 09.21 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-30-43 Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во рамките на Програмата „Општинско- корисна работа 2017 година“ со која беа ангажирани 15 невработени лица кои опслужуваа месечно 419 крајни корисници...
Објавено на 10 Април 2018, 08.57 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-01-49 Себаад Зекировска, ученичка во трета година во делчевската гимназија ја доби паричната награда од 10.000 денари од Општина Делчево за најдобар средношколец Ром која Општина Делчево ја доделува...
Објавено на 05 Април 2018, 21.26 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-28-08 Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, кога ја славиме победата на животот над смртта, на доброто над лошто, на светлината над темнината, Ви испраќам порака да ја дочекаме веста...
Објавено на 05 Април 2018, 16.02 од Д.Чапевски
-2018 Над 2000 велигденско обоени јајца, десетици цртежи со велигденска содржина, најразлични велигденски декорации, донесе денешната „Велигденската изложба“ . Комисијата имаше тешка задача да ги одбере...
Објавено на 05 Април 2018, 15.49 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-22-25 На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење, затоа сакаме да ја...
Објавено на 04 Април 2018, 13.32 од Д.Чапевски
2018-04-04-13-11-39   Велигденско разубавување на Делчево со пролетни цвеќиња и велигденски декорации, украсни зимзелени дрва кои ќе бидат засадени во паркот кај Езерцето и новиот парк, а ќе се става во функција и...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1855
mod_vvisit_counterВчера1577
mod_vvisit_counterОваа недела6829
mod_vvisit_counterПретходна недела7469
mod_vvisit_counterОвој месец24440
mod_vvisit_counterПретходен месец38587
mod_vvisit_counterВкупно1918337

Присутни online: 15
Ваша IP: 54.162.121.80
,
Денес: Апр 19, 2018