Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Тврдината кај село Град

Печати PDF

Град, е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преду селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кај планината Обел, Поминувал пат кој водел за долината на Струма, а одтаму за Константинопол.

Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна.

Со поранешите истражувања, во атарот на селото ео откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време.

На самиот рид на Градиштето се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.

Со археолошките истражувања во селото од 2001 година Градиштето било датирано како доцноантички град, 1-4 век по Христос. Според археолоштите наоди тоа било добро обезбедена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади. До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеке цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година одзнаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата “Свети Георги” во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година.

Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата.

Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство.

Share/Save/Bookmark

Последни актуелни информации

Објавено на 13 Јули 2018, 07.37 од Д.Чапевски
2018-07-13-06-39-51 Општина Делчево се приклучува на движењето Let's Do it! World  и глобалната акција за чистење на светот во еден ден, во која учествуваат околу 20 милиони луѓе од 150 земји, а се организира по повод...
Објавено на 12 Јули 2018, 11.37 од Д.Чапевски
2018-07-12-10-40-19 Советниците од делчевскиот Совет на Седницата одржана на 10 јули 2018 донесоа Одлука за одобрување финансиски придонес од Буџетот на Општина Делчево за спроведување на проектот за локална и регионална...
Објавено на 11 Јули 2018, 08.53 од Д.Чапевски
2018-07-11-07-55-32 На единаесеттата седница на Советот на Општина Делчево, мнозинството советници ја донесоа Одлуката за продолжување со работа на Локалниот музеј „Пијанец“ кој ќе го чува историското, археолошкото,...
Објавено на 10 Јули 2018, 11.11 од Д.Чапевски
2018-07-10-10-19-30 Во рамките на одлуката за доделување средства за финансирање поректи за развој на подрачја со специфични развојни потреби во 2018, Општина Делчево од Бирото за регионален развој и Министерството за...
Објавено на 09 Јули 2018, 10.16 од Д.Чапевски
2018-07-09-09-17-55 Општина Делчево ја започна постапката за изработка на техничка документација на ниво на основен проект за изградба на улици предвидени со ДУП за населбата Басарица во вкупна должина од 2.126...
Објавено на 09 Јули 2018, 08.34 од Д.Чапевски
2018-07-09-07-39-23 Во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“и акцијата „Заедно до поубаво Делчево“, Општина Делчево објавува  ЈАВЕН КОНКУРС За избор на најубаво уреден двор во општина...
Објавено на 06 Јули 2018, 14.51 од Д.Чапевски
2018-07-06-13-54-45 Делчевската јавна библиотека „Илинден“ го зголеми фондот на стручна литература со нови 29 наслови од областа на јавните финансии, макроекономијата, современото банкарство, меѓународната економија,...
Објавено на 06 Јули 2018, 13.37 од Д.Чапевски
2018-07-06-12-39-06 Со цел поубаво и почисто Делчево, општинските комунални редари и инспектори ја започнаа акцијата за почисто Делчево, во рамките на која ќе се вршат инспекциски контроли на јавните и сообраќајните...
Објавено на 06 Јули 2018, 10.12 од Д.Чапевски
-2018- Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта помеѓу 9 и 10.07.2018 година, стручни екипи од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Скопје ќе извршат теристичка(од земја) дезинсекција против комарци, односно...
Објавено на 04 Јули 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-07-04-11-51-38  Поради лошата состојба на дел од улиците во градот и оштетувањата на коловозот, а согласно со Годишната програма за одржување на улици и патишта и договорот по објавениот тендер, Општина Делчево...
Објавено на 04 Јули 2018, 12.15 од Д.Чапевски
2018-07-04-11-20-37 Во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“, Општина Делчево ја започнува акцијата „Заедно до поубаво Делчево“ во која ќе врши избор на најубаво уреден двор. Летниот период дава...
Објавено на 03 Јули 2018, 11.40 од Д.Чапевски
2018-07-03-10-46-35 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 03 Јули 2018, 11.19 од Д.Чапевски
2018-07-03-10-25-04   Заврши реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево со која беше опфатена изградба на атмосферска канализација во должина од 177 метри и целосно поставување нов асфалт во...
Објавено на 02 Јули 2018, 13.20 од Д.Чапевски
2018-07-02-12-22-18 Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно...
Објавено на 28 Јуни 2018, 09.07 од В.Мицевски
2018-06-28-08-24-13 Младинското советодавно тело формирано од Советот на Општина Делчево денеска ја одржа својата прва Седница на која за претседател на Советот на млади беше избран Никола Тренчевски, а за заменик...
Објавено на 26 Јуни 2018, 10.18 од В.Мицевски
2018-06-26-09-29-24 Делчево ќе добие мултикултурен и мултифункционален центар кој треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Во...
Објавено на 25 Јуни 2018, 10.20 од В.Мицевски
2018-06-25-09-31-03 Најдобрите ученици од трите образовни институции во Делчево, денеска ги примија решенијата за стипендии кои ги доделува градоначалникот на Општина Делчево. Иван Даневски, матурант од СОУ „М.М.Брицо“ ќе...
Објавено на 22 Јуни 2018, 13.05 од Д.Чапевски
2018-06-22-12-15-34   Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше...
Објавено на 22 Јуни 2018, 07.32 од Д.Чапевски
-2018-  Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2018),...
Објавено на 21 Јуни 2018, 13.33 од Д.Чапевски
2018-06-21-12-37-21 Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево. Денеска  се поставува првиот слој асфалт, а како што информираат од фирмата изведувач на работите „Ескалатори“...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес503
mod_vvisit_counterВчера1534
mod_vvisit_counterОваа недела503
mod_vvisit_counterПретходна недела10561
mod_vvisit_counterОвој месец23501
mod_vvisit_counterПретходен месец44305
mod_vvisit_counterВкупно2038871

Присутни online: 22
Ваша IP: 54.81.244.248
,
Денес: Јул 16, 2018