Палеонтолошки Истражувања кај с.Стамер

Печати

На 28 Јули 2007 година во атарот на селото Стамер во непосредна близина на Делчево пронајдена е масовна гробница на праисториски животни, која според научниците од Природнонаучниот музеј на Македонија и палеонтологот Ристо Гаревски, датира од пред 10.000 години од периодот на горниот миоцен. Во овој период територијата на денешна Република Македонија била прекриена со големи и пространи езера.

"Во тој период доаѓа до нагла промена на климата и таа од тропска станала како климата во Северна Африка со големи тревни површини, односно савани.Тогаш во Македонија живеела фауна која е предок на денешните животни во Северна Африка. Претпоставките се дека гробницата настанала поради пожар, односно од грмотевици од кои се запалила тревата и животните бегајќи од пожарот се повлекувале во тогашното езеро и така изумреле", вели професор Гаревски.Тој објаснува дека ова е првата ваква масовна гробница на праисториски животни пронајдена во источна Македонија, а дека една таква била најдена во 1917 година во превалец кој е на 3,5 километри од Велес.

Досега се откриени фосилни остатоци од жирафа, носорог и елен. Фосилните остатоци се наоѓаат на место кое е природно свлечиште и  тие сами се откриле по обилните дождови, а биле пронајдени од страна на мештаните од с. Стамер по што веднаш било пријавено во Природнонаучниот музеј во Скопје. На локалитетот пронајдени се заб од Носорог, череп од Жирафа, и рог од Фосилен Елен. По изјавите на на Светозар Петковски кој е и програмски директор на веќе споменатиот музеј, се очекува на овој локалитет да се пронајдат остатоци од Сабјест Тигар и на други праисториски животни.

Иницијативата за темелно истражување на овој локалитет за која се потребни обемни сретства се уште останува во своја иницијална фаза, иако сите релевантни институции се согласуваат дека ова е едно од најзначајните пелеонтолошки откритија во овој дел на Македонија.

Share/Save/Bookmark