Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Делчево водич

Печати PDF
Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524 m), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10 km. На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини.
Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. Поголемиот дел од населените места  на општина Делчево, се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина.
Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри.Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km.
На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помешу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од  југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанец е поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија.
На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија.
Климата е умерено - континентална. 
Делчево денесОпштина Делчево на југ се граничи со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северозапад со општината Македонска Каменица, а на исток и североисток со Република Бугарија. Општината претставува важна алка на источномакедонската магистрала, која ги поврзува сите поголеми населби во овој дел на земјата, а понатаму и со делови од територијата на соседна Бугарија. Практично, Делчево лежи на еден многу важен крстопат преку кој во напореднички правец води најкусата врска меѓу долината на реката Вардар од една, и долината на реката Струма од друга страна.
Административно гледано, градот Делчево е седиште на општината Делчево која има уште 22 населенo местo.
Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од  589  km²  или 2,3 %  од територијата  на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес  зафаќа територија од  423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево,  во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.
Share/Save/Bookmark

Последни актуелни информации

Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...
Објавено на 08 Март 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-03-08-13-06-23 Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  реализираше работна посета во Делчево. Во рамки на посетата Премиерот Димитриев  ги посети новоизградените простории...
Објавено на 08 Март 2017, 11.37 од Д.Чапевски
-2-22-2016-2021     На ден 07.03.2017г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот се одржа  Јавната презентација воедно и почеток на Јавна анкета за Предлог...
Објавено на 07 Март 2017, 09.31 од Д.Чапевски
-48- 48.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 14.03.2017 (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 03 Март 2017, 08.26 од Д.Чапевски
2017-03-03-07-35-14  Денеска во Делчево се одржа  втората Работилница за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени која исто така е во рамки на проектот Македонска активна платформа за...
Објавено на 02 Март 2017, 09.24 од Д.Чапевски
2017-03-02-08-30-12 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 107 од...
Објавено на 01 Март 2017, 13.15 од Д.Чапевски
2017-03-01-12-21-17 На официјална прес-конференција во банкет салата на хотел „Македонија“ градоначалниците на Делчево и Благоевград  го означија почетокот на реализацијата на проектот  “Енергетски ефикасно...
Објавено на 27 Февруари 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-02-27-12-07-39 Покана за учество на прес конференција за отварање на проект “Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” Ref. № CB006.1.11.114. Почитувани граѓани, претставницина медиуми, колеги...
Објавено на 23 Февруари 2017, 18.48 од Д.Чапевски
2017-02-24-07-50-26 Со интонирањето на химната на Р.Македонија во спортската сала при СОУ „Методи Митевски – Брицо“ започна официјалниот дел од програмата за одржување на Државното првенство во ФУТСАЛ за средни ...
Објавено на 21 Февруари 2017, 09.14 од Д.Чапевски
2017-02-21-08-17-43 Со одлука на Извршниот одбор на ФЕДЕРАЦИЈАТА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА МАКЕДОНИЈА донесена на 16.02.2017 година, за прв пат Државното првенство во ФУТСАЛ за средни  училишта во машка  конкуренција...
Објавено на 17 Февруари 2017, 12.05 од Д.Чапевски
-73- Со традиционалниот планинарски марш општина Делчево ќе ја одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл...
Објавено на 16 Февруари 2017, 14.48 од Д.Чапевски
2017-02-16-13-54-14 Денес со почеток во 11.00 часот во салата на ООУ „Ванчо Прке“ се одржа завршен настан на кој беа презентирани резултатите од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од...
Објавено на 15 Февруари 2017, 15.05 од Д.Чапевски
-47- 47.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 22.02.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...
Објавено на 13 Февруари 2017, 12.08 од Д.Чапевски
2017-02-13-11-12-43 Во рамки на проектот МАПСИ Македонска активна платформа за социјална инклузија, во петокот на 10.02.2017 година се одржа првата од трите предвидени работилници за социјална инклузија на млади и жени. На...
Објавено на 09 Февруари 2017, 15.40 од Д.Чапевски
2017-02-09-14-43-44 Градоначалникот Дарко Шехтански на средбата со учениците од гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ која денес се одржа во неговиот кабинет  ја имаше можноста да ги додели стипендиите на најдобрите...
Објавено на 04 Февруари 2017, 11.01 од Д.Чапевски
-145------ Денес 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX...
Објавено на 03 Февруари 2017, 09.01 од Д.Чапевски
-145-   Во сабота, 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на големиот револуционер и идеолог на македонско револуционерно дело - Гоце Делчев. По тој поводделегации на Општина Делчево...
Објавено на 02 Февруари 2017, 09.22 од Д.Чапевски
2017-02-13-08-26-44  По завршувањето на рехабилитацијата на дел од улица "Мито Хаџивасилев Јасмин" на спој со улицата "Маршал Тито"  и изградбата на нов армирано-бетонски потпорен ѕид од страната на ендекот со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес559
mod_vvisit_counterВчера608
mod_vvisit_counterОваа недела2476
mod_vvisit_counterПретходна недела5360
mod_vvisit_counterОвој месец24781
mod_vvisit_counterПретходен месец31155
mod_vvisit_counterВкупно1490454

Присутни online: 12
Ваша IP: 184.73.55.221
,
Денес: Мар 30, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.