Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Култура

Печати PDF

Културните активности во општина Делчево главно се одвиваат во Спомен домот АСНОМ, град Делчево кој располага со корисна површина од 2359 m2 и Спомен дом на Разловечко востание, с. Разловци (библиотека и кино сала). 

Културни институции во општината

• НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”, во чии рамики постои и Археолошко-музејска поставка, со пронајдени предмети од архелошките ископувања во општина Делчево, како и други обележја на културното наследство;
• ЈЛБ “Илинден”, со книжен фонд од 40.000 книги: 30.000 книги во градот и 10.000 книги во библиотеката во село Разловци;

Културни настани во општината

• Февруарски поход, февруари;Пијанечко-малешевска свадба
• Ден на Разловечкото востание, 20 Мај;
• Ден на културата во Р.Македонија, 10 Јуни;
• Меѓународна манифестација, Гоцеви денови, Јуни;
• Голачки фолклорни средби (ГФС), 8-ми Август;
• Пијанечко – Малешевска свадба со Меѓународен фолклорен фестивал (Септември);
• Ден на ослободувањето на Делчево, 7-ми Септември;
• Ден на востанието на македонскиот народ и ден на борецот, 11-ти Октомври; 
• Месец на книгата (10 Октомври - 10 Ноември);
• Детски музички фестивал Делчево Денс (пролет или есен).

Културно наследство

Цркви во општинатаЦрква Делчево
• Успение на Св. Богородица – Делчево;
• Св.Ѓорѓи- с.Град;
• Св. Петка Параскева - с.Селник;
• Св.Богородица- с.Тработивиште;
• Св. Атанасиј - с.Нов Истевник;
• Св. Никола -с.Стар Истевник;
• Св.Архангел Михаил-с.Драмче;
• Св. Пантелејмон - Голак;
• Св.Цар Костадин и царица Елена - с.Разловци;
• Св.Никола- с.Вирче.

Манастири
• Св.Богородица - Источен петок - Балаклија (манастирски комплекс);
• Покровна Богородица (манастирски комплекс), ревитализиран - недовршен;Манастир Св. Богородица
• Св.Ѓорѓи - с.Вирче;
• Св.Илија - с.Ѕвегор;
• Св.Петка - с.Црквенец.

Џамии
• Џамија во Делчево;
• Џамија во с.Град;
• Џамија во с.Тработивиште;
• Џамија во с.Звегор;
• Џамија во с.Габрово;

Заштитен споменик на културата е црквата св. Петка во с. Селник, која датира од XVI век.

Споменици на природата
Кукуље• Место викано „Кукуље“ во с.Нов Истевник;
• Место викано „Кукуље“ во с.Тработивиште;
• Ѓурѓов даб во с.Вирче;
• Ѓурѓово Дабје со црковен камен во с.Драмче;
• Благун Даб во с.Разловци;
• Пештера во с.Киселица,неистражена;
• Илин камен во с.Ѕвегор.

Архелошки наоѓалишта
• Могила кај с.Очипала, пронајдена е погребна кочија и е сместена во музејот во Штип;Археолошки истражувања кај Могила
• Могила кај с.Ветрен, истражена;
• Могила кај с.Вирче,истражена;
• Могила кај с.Бигла, истражена; (пронајдените зачувани примероци се сместени во Археолошко - етнолошката поставка сместена во НУЦК "Н.Ј.Вапцаров" - Делчево.
• Постојат неистражени могили во селските населби - Драмче, Косово Дабје,  
 Истевник, Петрашевец, Илиово и др.
• Енеолитското наоѓалиште - Локалитет Градиште во с. Град, делумно е истражено, а конзервираните примероци се сместени во Археолошко - етнолошката поставка.
• Бројот на такви локалитети во Делчевско изнесува околу 15 и тоа во селата: Ѕвегор, Град, Чифлик (Кулата), Моштица, Тработивиште, Разловци,Вирче, Илиово, Очипала, Олшан град и Каменица. Најголемите и најглавните се наоѓале во М.Каменица (Калата) и во с.Град (Градиште).
• Римски погребувања во Пијанец (Истражени локалитети с.Очипала и с.Драмче)
• Кај местото викано „Грамади“ во атарот на с.Разловци постои селска населба од средниот век. Вршени се археолошки ископувања во 2004 година.
• Траги од праисториска населба со керамички фрагменти има кај месноста Чука.

Последни актуелни информации

Објавено на 19 Мај 2017, 00.00 од Д.Чапевски
-20-   Во петок (19.05.2017 година) во просториите на ТППЕ Делчево се одржа пригодна прослава по повод  „Светскиот ден на пожарникарите“. И годинава  на предлог на командирот на ТППЕ Делчево...
Објавено на 15 Мај 2017, 08.43 од Д.Чапевски
-141-   Огромен број на гости вчера (14.05.2017 година) присуствуваа на чествувањето на 141 годишнината од кревањето на Разловечкото востание. Настанот се одржа во дворот на црквата Св. Цар Константин и...
Објавено на 11 Мај 2017, 13.24 од Д.Чапевски
-50- Педесетата седница на Советот на Општина Делчево која беше закажана за 12.05.2017 година (петок) со почеток во 14:00 часот се одлага на неодредено време. Седницата се одлага бидејќи одлуките донесени на...
Објавено на 09 Мај 2017, 10.35 од Д.Чапевски
-9-   Со полагање на букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ, денеска беше одбележан  9-ти мај - Денот на Европа како и 72 години од победата над фашизмот. Букети со...
Објавено на 08 Мај 2017, 13.05 од Д.Чапевски
-50- Седницата ќе се одржи на 12.05.2017 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од 49.седница 1.Предлог-Одлука...
Објавено на 04 Мај 2017, 11.11 од Д.Чапевски
-114-   04.05.2017 година со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма се одбележа 114 годишнината од смртта на великанот на македонската...
Објавено на 28 Април 2017, 19.01 од Д.Чапевски
2017-05-12-08-07-17  Во изминатите неколку дена на територијата на општина Делчево се изврши како изградба така и реконструкција на улици на неколку локации.Во населбата Ѕвегорска река се изгради пристапната улица П12...
Објавено на 27 Април 2017, 18.44 од Д.Чапевски
2017-04-28-07-53-54 Започна замената на уличните живини светилки со штедливи ЛЕД диоди на собирните улици во Општина Делчево и тоа: Ново Делчево  - Орце Николов, Кеј на Ослободување, Скопска, Прв реон - Голачка,...
Објавено на 26 Април 2017, 10.58 од Д.Чапевски
---12---- После асфалтирањето на дел од улица бр.2 во населбата Ѕвегорска река кое се изврши во месец Ноември 2016 година кога беа асфалтирани 75 метри од оваа улица, вчера беше асфалтирана уште една улица во...
Објавено на 25 Април 2017, 12.39 од Д.Чапевски
-2017 Општинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќјно техничка култура на младите“ оваа година се одржаа во ООУ Ванчо Прќе во Делчево. Натпреварувачките екипи беа ООУ „Св.Климент Охридски“...
Објавено на 06 Април 2017, 07.58 од Д.Чапевски
2017-04-06-07-03-26  На барање на жителите на Урбаната заедница 1ви Реон  деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ активно работат на реконструкција на дел од пешачка зона меѓу улиците Солунска и Јане Сандански. ...
Објавено на 04 Април 2017, 08.19 од Д.Чапевски
-49- Седницата ќе се одржи на 11.04.2017 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата e предлoжен следниот Дневен...
Објавено на 31 Март 2017, 13.31 од Д.Чапевски
2017-03-31-12-38-37 Општина Делчево објавува повик за доставување на понуди за изведување градежни работи кои вклучуваат „РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА НА УЛИЦА СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО И...
Објавено на 31 Март 2017, 13.10 од Д.Чапевски
2017-03-31-13-00-23 Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско...
Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...
Објавено на 08 Март 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-03-08-13-06-23 Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  реализираше работна посета во Делчево. Во рамки на посетата Премиерот Димитриев  ги посети новоизградените простории...
Објавено на 08 Март 2017, 11.37 од Д.Чапевски
-2-22-2016-2021     На ден 07.03.2017г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот се одржа  Јавната презентација воедно и почеток на Јавна анкета за Предлог...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес747
mod_vvisit_counterВчера1185
mod_vvisit_counterОваа недела3741
mod_vvisit_counterПретходна недела7901
mod_vvisit_counterОвој месец27182
mod_vvisit_counterПретходен месец28513
mod_vvisit_counterВкупно1546347

Присутни online: 18
Ваша IP: 23.20.147.6
,
Денес: Мај 24, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.