Образовни институции

Печати

Образовниот процес во општина Делчево се одвива во следните воспитно - образовни институции:

 

detska gradinka

Предучилишно: ОЈУДГ “Весели Цветови”

Работи во два објекта во Делчево со 13 паралелки со вкупно 316 деца


vancho prke

Основно: ООУ “Ванчо Прке”

Наставата се одвива во едно централно училиште во Делчево и 2 подрачни училишта во село Ѕвегор и село Габрово

Вкупниот број на ученици изнесува 600 и вкупен број на наставници 65.

Во склоп на ова училиште функционира и една училишна спортска сала која целосно е во функција на воспитно-образовниот процес кој се одвива во училиштето.

 


 


Основно: ООУ “Климент Охридски”

Наставата се одвива во едно централно училиште во Делчево и 5 подрачни училишта и тоа во: с.Разловци, с.Тработивиште, с.Вирче, с.Град и с.Стамер

Вкупниот број на ученици изнесува 582 и вкупен број на наставници 85.

Наставните активности по предметот физичко образование се одвиваат во училишната спортска сала која е релативно нова, изградена и пуштена во употреба во 2013 година.

sala klimen_ohridski


mm brico

 СОУ “Методи Митевски - Брицо”

Наставата се одвива во  СОУ “Методи Митевски - Брицо” во Делчево со вкупен број на ученици 368 и вкупен број на наставници 53.

Гимназиско образование

Општествено - хуманистичко подрачје

Јазично - уметничко подрачје
  • комбинација А

Стручно образование:

Текстилно - кожарска струка 

  • профил: конфекциски техничар

Хемиско технолошка струка

  • профил: прехрамбен техничар

Во дворот на гимназијата Методи Митевски - Брицо изградена е спортска сала која покрај за активностите во рамки на образовниот процес, активно ја користат и спортски клубови и физички лица за спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.

Во склоп на гимназијата постои и училишна спортска сала во која исто така се одвиваат покрај редовните часови по физичко образование и најразлични спортски натпревари во фудбал, ракомет, одбојка, пинк-понг, гимнастика итн.

 

Share/Save/Bookmark