Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Градоначалник на општина Делчево април 2013 - тековно

Печати PDF

Име и презиме: Дарко Шехтански

Датум на раѓање: 04.12.1967 година во Делчево.

Брачна состојба:  оженет, татко на две деца

Образование:  дипломиран инжинер по енергетика.

Работно искуство: Од 1991 до 2001 година е вработен во сопствена фирма „Алмак“ Делчево. Од 2009 година е вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ПЕ Делчево. Од 16 април 2013 година стапува на функцијата Градоначалник на општина Делчево, избран како кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

 

Претходни Градоначалници на општина Делчево:

(за преглед клик на соодветниот опис подолу)

 
Градоначалник на општина Делчево за период април 2009 - април 2013 година
Градоначалник на општина Делчево за период април 2009-април 2013 година е г-динот Горан Малешевски.
Биографија
Горан Малешевски е роден во Делчево на 25.02.1977 година. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Дипломира на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2000 година. Има положено Правосуден испит. Женет е и е татко на синчето Никола и ќеркичката Неда. Одлично се служи со Англискиот јазик и има познавање од напредни компјутерски вештини.

Работно искуство
• 2001 - 2002 - Прима волонтерски стаж во Основен Суд во Делчево,
• 2003 - Работи како Секретар во ЈВП Водостопанство на Република Македонија, Подружница Делчевско Поле, Делчево,
• 2005 - Запишан во Именик на адвокати при Адвокатска Комора на Република Македонија (Лиценца Бр. 1975). Заснова работен однос од 22.08.2005 година,
• 2007 - март 2009 - Раководител на Центарот за Вработување на Делчево при Агенцијата за вработување на Република Македонија,
• Дополнителни функции:
- Претседател на Надзорен Одбор на здружение на граѓани Младински Совет на Делчево од Делчево,
- Член на Управен Одбор на ФК Брегалница од Делчево,
- Прва категорија на фудбалски судија,
- Член на Извршен Одбор на здружение на граѓани Акција за Млади Делчево од Делчево.
За градоначалник на општина Делчево е избран на Локалнитеизбори во 2009 година од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
 
Се известуваат сите граѓани на општина Делчево дека Градоначалникот на Општина Делчево ќе врши прием на странки секој вторник од 10 до 14 часот. 
 
Визија на Општина Делчево

Општина Делчево ќе биде конкурентна европска општина, квалитетно место за живеење, со развиено стопанство, особено во агроиндустријата, изградена социјална и комунална инфраструктура, атрактивна еко и туристичка дестинација, препознатлива по својата традиција и можности за развој.
 
Мисија на Општина Делчево

Ние граѓаните на Општина Делчево, ќе се залагаме нашата општина да биде посакувано место за живеење и нашиот потенцијал ќе го насочиме кон реализирање на дадената цел преку создавање на услови за:
 - развој на економијата, особено во агроиндустрискиот сектор, со одржливо искористување на расположивите ресурси;
 - привлекување на нови инвестиции;
 - градење на квалитетна социјална и комунална инфраструктура;
 - заштита на животната средина;
 - искористување и промоција на туристичките потенцијали;
 - јакнење на јавната свест и капацитетите во јавните услужни дејности.
 
Надлежности на градоначалникот

• Ја претставува и застапува општината;
• Ја контролира законитоста на прописите на советот;
• Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
• Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
• Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
• Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
• Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
• Го извршува буџетот на општината;
• Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
• Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
• Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;
• Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
• Раководи со општинската администрација;
• Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
• Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
• Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
 
 
Повеќе...
 
Градоначалник на општина Делчево за период април 2005 - април 2009 година

M IГрадоначалник на општина Делчево во периодот април 2005-април 2009 година е г-динот Мирко Иванов.

Роден 1948 година во с. Бигла, Делчево, РМ. Македонец.

Основно и средно образование завршил во Делчево.

Завршил Виша техничка школа во Битола.

Работел како погонски инженер во производство, бил директор на „Фротирка“ - Делчево и Директор на Фондот за води на РМ.

Претседател на Собранието на општина Делчево во периодот 1991-1996 година.

Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година.

Градоначалник на Општина Делчево во периодот 2005-2009.

Се служи со францускиот, српскиот и бугарскиот јазик.

Живее во Делчево.

Повеќе...
 
Градоначалник на општина Делчево за период 2000 - април 2005 година
Градоначалник на општина Делчево за период април 2000-април 2005 година е г-динот Илчо Илиев.
Повеќе...
 
Градоначалник на општина Делчево за период 1996 - 2000 година
Lj PrГрадоначалник на општина Делчево во периодот 1996-2000 година е г-динот Љупчо Прачковски.

Роден 30.03.1958 вп Штип.

Основно и средно образование завршува во Делчево, а потоа се запишува и дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје. По дипломирањето се вработува како професор во ДСУ М.М.Брицо-Делчево.

Градоначалник на Општина Делчево во периодот 1996-2000.

Моментално професор во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес487
mod_vvisit_counterВчера1150
mod_vvisit_counterОваа недела3871
mod_vvisit_counterПретходна недела5448
mod_vvisit_counterОвој месец16236
mod_vvisit_counterПретходен месец25368
mod_vvisit_counterВкупно1668510

Присутни online: 19
Ваша IP: 54.81.59.211
,
Денес: Сеп 22, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.