Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Градоначалник на општина Делчево за период април 2009 - април 2013 година

Печати PDF
Градоначалник на општина Делчево за период април 2009-април 2013 година е г-динот Горан Малешевски.
Биографија
Горан Малешевски е роден во Делчево на 25.02.1977 година. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Дипломира на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2000 година. Има положено Правосуден испит. Женет е и е татко на синчето Никола и ќеркичката Неда. Одлично се служи со Англискиот јазик и има познавање од напредни компјутерски вештини.

Работно искуство
• 2001 - 2002 - Прима волонтерски стаж во Основен Суд во Делчево,
• 2003 - Работи како Секретар во ЈВП Водостопанство на Република Македонија, Подружница Делчевско Поле, Делчево,
• 2005 - Запишан во Именик на адвокати при Адвокатска Комора на Република Македонија (Лиценца Бр. 1975). Заснова работен однос од 22.08.2005 година,
• 2007 - март 2009 - Раководител на Центарот за Вработување на Делчево при Агенцијата за вработување на Република Македонија,
• Дополнителни функции:
- Претседател на Надзорен Одбор на здружение на граѓани Младински Совет на Делчево од Делчево,
- Член на Управен Одбор на ФК Брегалница од Делчево,
- Прва категорија на фудбалски судија,
- Член на Извршен Одбор на здружение на граѓани Акција за Млади Делчево од Делчево.
За градоначалник на општина Делчево е избран на Локалнитеизбори во 2009 година од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
 
Се известуваат сите граѓани на општина Делчево дека Градоначалникот на Општина Делчево ќе врши прием на странки секој вторник од 10 до 14 часот. 
 
Визија на Општина Делчево

Општина Делчево ќе биде конкурентна европска општина, квалитетно место за живеење, со развиено стопанство, особено во агроиндустријата, изградена социјална и комунална инфраструктура, атрактивна еко и туристичка дестинација, препознатлива по својата традиција и можности за развој.
 
Мисија на Општина Делчево

Ние граѓаните на Општина Делчево, ќе се залагаме нашата општина да биде посакувано место за живеење и нашиот потенцијал ќе го насочиме кон реализирање на дадената цел преку создавање на услови за:
 - развој на економијата, особено во агроиндустрискиот сектор, со одржливо искористување на расположивите ресурси;
 - привлекување на нови инвестиции;
 - градење на квалитетна социјална и комунална инфраструктура;
 - заштита на животната средина;
 - искористување и промоција на туристичките потенцијали;
 - јакнење на јавната свест и капацитетите во јавните услужни дејности.
 
Надлежности на градоначалникот

• Ја претставува и застапува општината;
• Ја контролира законитоста на прописите на советот;
• Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
• Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
• Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
• Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
• Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
• Го извршува буџетот на општината;
• Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
• Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
• Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;
• Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
• Раководи со општинската администрација;
• Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
• Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
• Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
 
 
Share/Save/Bookmark

Последни актуелни информации

Објавено на 19 Јануари 2018, 10.53 од Д.Чапевски
-19012018 По повод големиот христијански празник Водици, денес со почеток во 09.00 часот во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија на која присуствуваа голем број наши сограѓани...
Објавено на 05 Јануари 2018, 12.40 од Д.Чапевски
2018-01-05-11-44-48 По објавените Јавни конкусри за доделување на стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети како и ученички стпиендии на редовни ученици кои учат во СОУ„М.М. Брицо“ Делчево денес...
Објавено на 03 Јануари 2018, 15.28 од Д.Чапевски
2018-01-03-14-32-37 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 02 Јануари 2018, 12.20 од Д.Чапевски
2018-01-02-11-24-13 СООПШТЕНИЕ Советот на Општина Делчево донесе одлука за изготвување  на листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на oпштина Делчево . Според...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.37 од Д.Чапевски
2017-12-29-08-39-06 Почитувани сограѓани Пристигна и овој дел од годината кога семејствата се собираат заедно за да ги прослават празниците. Пред нас се предизвици коишто мора да ги надминеме и да научиме нови лекции во...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.28 од Д.Чапевски
-3------ Во среда на 27.12.2017 година со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа третата седница на Советот на Општина Делчево. Откако беше усвоен Записникот од втората седница на дневен ред беа...
Објавено на 28 Декември 2017, 14.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-14-06-02 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува граѓаните дека по повод новогодишните празници строго е забранета со Закон употребата на пиротехнички средства, петарди,...
Објавено на 28 Декември 2017, 12.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-12-04-54   Во изминативе два дена градоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на новогодишните забави приредени во детската градинка „Весели Цветови“ и Дневниот центар во Делчево. Секако и оваа година...
Објавено на 27 Декември 2017, 12.26 од Д.Чапевски
2017-12-27-11-29-28 Со почеток во 11:00 часот во Дневниот центар – Делчево се организираше предновогодишна забава од страна на корисниците на дневниот центар. На настанот присуствуваа гости од ЕЛС Делчево и градоначалникот...
Објавено на 26 Декември 2017, 15.16 од Д.Чапевски
2017-12-26-14-18-42 По повод Новогодишните и Божиќните празници Општина Делчево и оваа година изврши новогодишно украсување на градот на повеќе локации на јавни површини и објекти во централното градско подрачје. Апелираме...
Објавено на 26 Декември 2017, 09.43 од Д.Чапевски
2017-12-26-08-53-04 Учениците од шесто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 26.12.2017 година беа во посета на Општина Делчево. Тие традиционално веќе неколку години по ред на Градоначалникот и...
Објавено на 25 Декември 2017, 15.05 од Д.Чапевски
2017-12-25-14-20-01 По повод новогодишните празници кои претсотјат, градоначалникот Горан Трајковски ги посети најмалите – дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ Делчево. Тој на сите дечиња во придружба на дедо...
Објавено на 20 Декември 2017, 14.28 од Д.Чапевски
2017-12-21-13-35-32 Третата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.12.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата е...
Објавено на 14 Декември 2017, 12.52 од Д.Чапевски
2017-12-14-11-56-20 Општина Делчево апелира до сите граѓани, правни и физички лица и субјекти, како и текстилни фабрики, кои располагаат  и употребуваат  текстилен, пластичен, гумиран отпад и незаконски го...
Објавено на 07 Декември 2017, 12.41 од Д.Чапевски
2017-12-07-11-55-41 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува жителите дека со отпочнувањето на грејната сезона се должни да извршат проверка и чистење на оџаците од системите за...
Објавено на 05 Декември 2017, 14.03 од Д.Чапевски
2017-12-05-13-05-39 Денес, 05.12.2017 година со почеток во 12:00 часот Градоначалникот Горан Трајковски реализираше средба со Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер и сопствениците на 7 текстилни компании од...
Објавено на 04 Декември 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-12-04-12-06-02 Со стапувањето на функција на новиот Градоначалник на општина Делчево, г-динот Горан Трајковски започна со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација...
Објавено на 04 Декември 2017, 11.49 од Д.Чапевски
2017-12-04-10-57-08 Денес со почеток во 10:00 часот градоначалникот Горан Трајковски во својот кабинет приреди свечен коктел на кој присуствуваа лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Овој коктел се...
Објавено на 04 Декември 2017, 10.04 од Д.Чапевски
2017-12-04-09-07-12  Со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, Советот на Општина Делчево ја одржа втората седница. За седницата беа предложени 13 точки на дневен ред, а во тек на седницата беше дополнет...
Објавено на 01 Декември 2017, 12.24 од Д.Чапевски
2017-12-01-11-24-46 3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. ...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1398
mod_vvisit_counterВчера1155
mod_vvisit_counterОваа недела1398
mod_vvisit_counterПретходна недела8651
mod_vvisit_counterОвој месец25609
mod_vvisit_counterПретходен месец40452
mod_vvisit_counterВкупно1804979

Присутни online: 13
Ваша IP: 54.234.0.2
,
Денес: Јан 21, 2018

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.