Односи со јавност
Општина Делчево во изминатиот период има изградено оптимален систем за комуникација со граѓаните на различни нивоа и форми согласно ингеренциите и делокругот на работа на општинската администрација.
Овој систем функционира во рамки на внатрешната организација на одделенијата и ТППЕ Делчево.
Информирањето на граѓаните се одвива на повеќе нивоа и во повеќе различни форми:
1.Преку официјалниот веб сајт на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk во вид на
- Прес конференции
- Соопштенија,
- Известувања за актуелни активности на Општинската администрација
- Изјави на Градоначалникот
- Изјави на вработените при Општина Делчево
2.Преку Интернет социјалните медиуми:
-
3.Преку Радио Зора во вид на
- Промотивни видео и аудио клипови
- Соопштенија
- Прилози во вести
- Информативни емисии,
- Јавни расправи и дебати иницирани од страна на Општина Делчево или други заинтересирани страни.
4.Учество на Градоначалникот и вработени од Општинската администрација во програма на националните телевизии, прилози во дневни национални весници, интернет сајтови и информативни агенции
5.Информации од Јавен карактер по барање на заинтересирани правни и физички субјекти согласно Член 8 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер („Сл. Весник на РМ„ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014).
- Службено лице задолжено за посредување при давање на информации од јавен карактер со ОВЛАСТУВАЊЕ на Градоначалникот е Џулиета Мемедова.
- Овластување за лице задолжено за посредување при давање на информации од јавен карактер
- Образец на Барање за пристап до информации од јавен карактер
- Жалба до комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер