Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната канализација ќе се реализира во фази, а во првата фаза е предвидена инсталација на профили фи-250 во должина од 100м.
Интервенцијата во с. Град е согласно со Програмата на Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ и на барање на жителите на селото со што се решава голем проблем во ова делчевско село поврзан со отпадните води и чистата животна средина.