Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 31.01.2020 година, донесе
РЕШЕНИЕ за свикување на 35. редовна седница на Советот на Општина Делчево
I
35 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.02.2020 (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата е предложен следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 34.седница
1.Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2020 година;
2.Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2020 година;
Образлагач: По точките 1 и 2-Звонко Атанасов-Раководител на Одделение за урбанизам.
3.Годишен извештај за реализирани активности на Општинскиот Совет за бебедност на сообраќајот на патиштата-Делчево за 2019 година со Заклучок за усвојување;
4.Предлог-Годишна Програма за работа на Општинскиот Совет за бебедност на сообраќајот на патиштата-Делчево
Образлагач: По точките 3 и 4-Николина П.Мавродиева-Виш соработник за сообрачај и патишта
5.Предлог-Одлука за промена на назив и скратен назив на Локален историски, археолошки, етнолошки и природно-научен “Музеј на град Делчево – Пијанец”-Делчево.
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
6.Предлог-Решение за разрешување и именување претставник на основачот во Училишниот одбор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчво.
7.Предлог-Програма за социјална заштита на Општина Делчево за 2020 година;
8.Деловник за работа на Комисијата за еднакви можности;
Образлагач: По точките 7 и 8-Сузана Петровска-Координатор на Комисијата за еднакви можности.
9.Предлог-Одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
10.Предлог-Одлука за утврдување максимален износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
11.Предлог-Одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на помошно-технички лица вработени во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
Образлагач: По точките 9,10 и 11-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
12.Полугодишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за првото полугодие од учебната 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
13.Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на иматели на електрични броила за мерење на електрична енергија,
Образлагач: Кире Цоневски-Соработник за превенција, заштита и спасување.
14.Полугодишен извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2019-2020 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Љупчо Прачкоски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
15.Предлог-Одлука за приоритетен предлог за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-282/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
31.01.2020 год. Претседател,
Д е л ч е в о Драган Маневски,с.р.