Интензивно се чисти снегот во Делчево

  • Новости

Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици.

Патиштата и улиците се чистат согласно со приоритетната листа, а во Планот е предвидено зимското одржување на патишта со асфалтен коловоз да опфаќа патишта во должина од 82,5 км, општински патишта со макадам коловоз 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 38,5 км.

Апелираме до граѓаните да си ја исполнат својата граѓанска должност и да го исчистат снегот од пристапите до нивните објекти, односно дворови. Посебно се апелира до правните лица да го исчистат делот пред нивните објекти со цел да се овозможи непречено движење и пристап до објектите.

Инаку, состојбата ќе се следи и следниот период и ќе се реагира навремено доколку има нови врнежи.

Shares