Денеска во работна посета на Делчево присуствуваше директорот на Царинската управа на РСМ, Ѓоко Танасоски. Танасоски го посети граничниот премин Делчево каде направи увид во инфраструктурните интервенции кои беа направени во изминатиот период и кои ќе се реализираат во иднина на овој граничен премин.
„После долги години на Граничен премин ,,Делчево” се инвестираше во промена на дограма и друга инфраструктурна интервенција, така да можеме да речеме дека условите за работите се исклучително подобрени“, рече Танасоски.
Во попладневните часови оствари средба со дел од сопственици на успешни компании во Делчево. ‘
„Сакаме да ги сослушаме, да им претставиме кои се новините во царинското работење, на кој начин можеме да им излеземе во пресрет, се со цел да ги користат поедноставените постапки, со што ќе им се олесни движењето преку границите, а со самото тоа ќе се зголеми и нивната конкурентност и можноста за учество во тие регионални синџири на снабдувања“, додаде Танасоски.
На средбата со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски се разговараше за повеќе аспекти од локално значење.
„Разговорите ги водевме во таа насока, да видиме кои бенефити може да ги има и ги има градот Делчево со граѓаните од Бугарија кои често доаѓаат овде во нашиот град за различни потреби, кои некој начин тие ја раздвижуваат економијата во нашиот град“, рече Трајковски.
Танасоски и Трајкоски ги посетија извозно ориентираните фирми Крзно и Алпин Ком кои се едни од поуспешните компании во општина Делчево, кои како што истакнаа имаат одлична соработка со Царинската управа на РСМ.