Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги поставија учениците од 4-те одделенија од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево на школскиот час по предметот општество кои го одржаа во просториите на Општина Делчево.
Во рамките на предметот општество, 60-тина ученици денеска имаа средба со градоначалникот Горан Трајковски кој ги запозна учениците со улогата и надлежностите на Општината и со должностите на градоначалникот, приоритетните проекти за реализација и начинот на кој функционираат одделенијата и секторите во Општина Делчево, но одговараше и на нивните прашања.
Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.