Сепак, здравствените работници овој 7 Април го одбележуваат во посебни услови, во услови на пандемија во борба со коронавирусот во услови кога се тестира функционалноста на целиот здравствен систем и улогата на секој еден здравствен работник. Тие се во првите борбени редови во борбата со невидливиот непријател и со надчовечки напори обезбедуваат третман и грижа за пациентите при што го изложуваат своето здравје, здравјето на своите блиски, на нивниот живот.
Ова се нашите херои кои на својот грб го носат целиот товар во борбата со коронавирусот. Тие секојдневно ни упатуваат молба да седиме дома за доброто на сите. Испраќам порака, овој 7 Април, ние како граѓани да ги послушаме нивните молби и да им помагнеме на здравствените работници почитувајќи ги препораките, останете дома.
Почитувани наши херои, ви благодариме за вашата борба и жртва за нашето здравје и живот.
Среќен 7 Април.