Општина Делчево ги известува граѓаните дека согласно со мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика презеде конкретни мерки и активности со цел жртвите на семејно насилство да добијат соодветна помош и заштита.
Во таа насока е обезбдена 24- часовна точна, навремена и доверлива поддршка за пријавување на случаите на жртви на родово насилство и семејно насилство преку Национална бесплатна мобилна СОС- линија на која можат да се пријавуваат овие видови асоцијални појави.
Во случаи, кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица од семејно насилство, граѓаните треба да пријават во ОВР Делчево или во Подрачната единица на Центарот за социјална работа, независно дали е во време на полциски час.
Контакт телефони:
–ОВР Делчево: 033/411-445
-Центар за социјални работи: 070/213-451 033/411-736
-Центар за жртви на родово базирано/семејно насилство
ЈЗУ Меѓуопштински Центар за социјални работи Кочани
Телефон: +389 72 243 782
e-mail: jumcsrKocani@mtsp.gov.mk