ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 04.06.2020 година (четврток), со почеток од 08.00 часот ќе врши општа дератизација на канализациската мрежа на територијата на Општината и градската депонија.
Оваа мерка е предвидена во Годишната програма на Општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ќе ја спроведуваат стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Кочани- ПЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“, како и вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината.
Вкупно ќе бидат третирани 180 шахти во градот и селата според однапред изготвен план, за што е планирано да се употребат 30 килограми соодветен препарат. Градската депонија ќе се третира со 10 килограми препарат против глувци и други глодари.