На местото на стара мини депонија изграден нов парк во центарот на Делчево

  • Новости

Делчево доби нов парк, хортикултурно уреден и со соодветна урбана опрема. Ова е сликата денес кај стариот градски пазар во централното градско подрачје, каде со години наназад изгледот на градот го нарушуваше мини депонијата, руинираните скали и неуредениот простор. На партерното уредување на просторот со површина од околу 200 м2, изминатиот период работеа екипи од ЈКП „Брегалница“ кои, освен што го исчистија просторот од оштетениот бетон и од ѓубрето, поставија бехатон плочки и изградија патеки, хортикултурно го уредија просторот, односно засадени се декоративни садници и трева, а просторот е оплеменет и со цветни аранжмани. Исто така, поставени се и клупи и канти за отпадоци, а со цел да се сочува паркот и да се заштити од најразлични отпадоци, поставени се и инфотабли со порака за зачувување на животната средина.

Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали наменети за поврзување со главната улица „Маршал Тито“.

Shares